X
 24.01.2017 Технологија

Експерти: Мобилните телефони ги полниме погрешно

Со појавата на паметните телефони, почнавме да ги полниме телефоните на неколку часа, а не на неколку дена како порано. Тоа може да биде навистина фрустрирачко, но изгледа дека постојат одредени трикови кои ќе доведат до подобра издржливост на батеријата.

Многумина веруваат дека со често и краткотрајно полнење на батеријата ќе резултира со оштетување на истата, а и дека полнењето се препорачува кога батеријата е на 1 посто. Но, сме биле во заблуда. Така барем тврдат од компанијата „Кадекс“ која се бави со производство на батерии. Литиум–јонските батерии во нашите телефони се чувствителни на „стресот“ на кој ги изложуваме и со тек на време нивниот работен век се намалува.

За батериите да функционираат нормално, би требало да се придржувате до советите од споменатата компанија:

telefon
Фото: Pixabay

Извадете го полначот од телефонот кога батеријата потполно ќе се наполни


Оставањето на телефонот на полноќ, на пример во текот на ноќта, може долгорочно да ја оштети батеријата. Кога телефонот ќе достигне 100 проценти, цело време добива дополнителна енергија за да остане на максимум, бидејќи е цело време вклучен на струја. Тоа ја оштетува батеријата.

Не полнете ја батеријата до максимум


Подобро е батеријата да остане под максималното ниво, бидејќи високата волтажа и штети. Можеби звучи контрапродуктивно ако сакате вашиот телефон да ве служи во текот на целиот ден, но е многу подобро повремено во текот на денот да го полните, отколку тоа да го сторите еднаш и тоа до крај.

Телефонот полнете го кога можете


Во најдобар случај, ставете го на полнење телефонот штом ќе изгуби 10 проценти од енергијата. Не само што на тој начин вашата батерија ќе функционира оптимално на подолгорочен план, туку и секогаш ќе имате телефон подготвен за користење.

Разладете го телефонот


Батериите се чувствителни на топлина, па многумина препорачуваат да ги отстраните заштитните маски за време на полнењето. Ако забележите дека уредот се прегреал додека е на полнач, извадете ја маската. Исто така, немојте да дозволите телефонот долго да стои на сонце, бидејќи и тоа може да ја оштети батеријата.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија