Италијанскиот неврохирург,
Серџо Канаваро се наоѓа на еден чекор од првата трансплатација на главата, а првиот пациент кој ќе добие ново тело ќе биде русинот Валериј Спиридонов.
Канаваро првата ваква операција треба да ја изведе
следната година, а Русинот кој боледува од генетско заболување од кое неговите мускули атрофираат доброволно се согласи да биде „експеримент“.
Неврохирургот го претстави виртуелниот систем кој покажува процес на подготовка на пациентот за живот во новото тело. За пациентите кои се неподвижни од вратот надолу трансплантацијата на главата може да им помогне да добијат уште една шанса за нормален живот.
Ставање на глава на туѓо тело може да предизвика неочекувани психолошки реакции, токму поради тоа американската компанија „Inventum Bioengineering Technologies” создаде виртуелен свет кој ќе им помогне на пациентите, како Валериј.
„Ова е свет во кој пациентите ги подготвуваме за нов живот во ново тело на најдобар можен начин и со тоа тело ќе се помогне на пациентот повторно да оди или за прв пат да ги користи нозете“- вели докторот.
Освен виртуелната реалност беше претставен и хируршки скалпел со чија помош ќе се изведе операцијата. Скалпелот прави резови од еден микрометар односно од еден милионити дел од метарот, што значи дека оваа софистицирана технологија овозможува изведување на повеќе од прецизни резови што оваа операција го бара.
Канаваро во јануари оваа година заедно со кинески стручњаци успешно изведе трансплатација на глава на мајмун. Но мајмунот живееше само 20 часа со оглед на тоа дека главата не се поврза со рбетниот столб, туку постапката се изврши со цел да се докажи дека е можно човечки пациент со поврзан доток на крв да може нормално да живее.
Save