Почна да чука новото срце во градите на 39-годишната жена на која утрово и беше извршена трансплантација. Тешката операција траеше 5 часа. На пациентката и посакувам побрзо опоравување, објави министерот за здравство Венко Филипче.
Трансплантацијата ја извеле проф. д-р Сашко Јовев, академик Жан Митрев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев, д-р д-р Никола Христов, д-р Тања Анѓушева, анестезиолозите д-р Стефанија Хаџиевска, д-р Надица Мехмедовиќ, д-р Весна Митасова, д-р Јасмина Илиевска, како и тим на перфузонисти, инструментари, медицински сестри.
Ова е трета трансплантација на срце во историјата на нашата земја.
На двајца пациенти ќе им се трансплантираат бубрези.
Лекарските тимови и граѓаните го поздравуваат и му се заблагодаруваат на семејството на донорот за хуманиот чин, кој ќе спаси повеќе животи.