Трансплантацијата на органите е чудо на модерната медицина, но постои проблем: околу 20 луѓе умираат дневно додека чекаат за трансплантација на органи. Научниците од Медицинскиот факултет при „Харвард“ сметаат дека ќе можат да го решат овој проблем.
Така, тие ги отстраниле клетките од органите на животните и ги обновиле со човечки матични клетки. Овие органи функционирале кога биле трансплантирани, што значи дека еден ден би можеле да бидат здрава замена за пациентите што чекале на листата за трансплантација.
Хирургот Харалд От и неговиот лабораториски тим ги измиле животинските органи и нивните клетки со детергент, оставајќи го ткивото на кое можат да се „засадат“ човечки матични клетки. Како што клетките растеле, така лабораторијата користела биореактор што го пумпал органот, одржувајќи го здрав со стимулирање на истиот начин како што би се движел во телото.
Фото: Otto Lab
Тимот успешно обновил бели дробови, бубрези, срца и делови од цревата од стаорци и свињи за да ги направат компатибилни за човекот, а потоа ги трансплантирал овие органи назад во животните. Иако човечките клетки во овие трансплантирани органи ги направиле некомпатибилни со телата на стаорците и свињите, органите функционирале и со тоа покажале значително ветување за идните клинички испитувања врз човекот. Лабораторијата исто така успешно обновила мускули во срцето на човечки труп на кое слично му биле одземени клетките.
„Вашиот ајфон се расипува, вашата батерија се троши, па го исклучувате. Медицината на некој начин може да се движи во таа насока. Буквално кажано, можам да земам
орган, да го персонализирам за вашето тело да не го отфрли, а потоа да извршам трансплантација“, вели Харалд Ото.
Сепак, Ото проценува дека ќе биде потребна најмалку една деценија пред овие органи да бидат подготвени за клинички испитувања кај луѓето. Во меѓувреме, Ото е меѓу широката група научници што сакаат да го подобрат процесот на трансплантација.