X
 30.11.2016 Технологија

Како да ги избришете целосно вашите профили од социјалните мрежи?

Шведскиот сајт Deseat.me на своите корисници им нуди можност со само еден клик да ги избришат сите свои профили на Интернет и на тој начин да ги отстранат сите траги од нивното постоење на мрежата.


Сајтот го креирале шведските програмери Вил Дахлбо и Лајнус Унебак. За да го направат тоа, корисниците мораат да се вклучат на својот Gmail и да ја внесат лозинката, а сервисот ќе им помогне да ги пронајдат сите профили кои биле регистрирани под тоа име односно со таа е-mail адреса.

Благодарение на OAuth протоколот на Google, Deseat.me може да ги пронајде сите профилии кои се поврзани со внесениот мејл, а потоа на корисниците да им ја понуди опцијата за нивно бришење. Корисниците можат да избришат профили на Facebooku, Evernote, YouTube, LinkedIn.

„Ви нудиме листа на сите профили и сервиси кои сте ги креирале со вашата gmail адреса. Всушност, само ни кажувате кој профил сакате да го отстраните. Со оглед на тоа дека користиме Google OAuth протокол, ние немаме пристап до вашиот Gmail профил„, истакнуваат програмерите креатори на овој сервис.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија