X
 17.05.2022 Технологија

Преку Сеавус академијата за програмери до обучени Front-end девелопери

Разговор со Вукашин Обрадовиќ - Intermediate Front-end девелопер, Олга Пеновска - Junior Front-end девелопер (Angular + Node) и Наталија Николова - Intermediate Front-end девелопер (React + Java) во Сеавус

Сеавус Едукативниот и развоен центар (SEDC) пред неколку години ја основа Академијата за програмирање, во чии рамки се изучуваат и основите и најпознатите технологии на Front-end развојот. Интеракцијата помеѓу корисниците и веб-апликациите се остварува преку Front-end. Истото се нарекува и „клиентска страна“, односно сето она што се прикажува при навигација во веб-прелистувачите, како текст, слики, полиња за внесување, паѓачки листи, екрански копчиња итн., спаѓа во Front-end развојот. Преку овој дел, корисниците добиваат информации, но воедно преку внесување податоци ги контролираат апликациите.

Front-end делот од веб-апликациите е креиран од три слоја, односно за негово креирање се користат три различни јазици или технологии и тоа: HTML, CSS и JavaScript. Кодовите или инструкциите од сите три слоеви се комбинираат и интерпретираат од страна на прелистувачите. Покрај основните Front-end јазици, постојат и работни рамки, JavaScript библиотеки и CSS екстензии, а нивната цел е да го направат кодот (и процесот на неговото пишување) полесен за одржување, како и поорганизиран преку најразлични алатки и обрасци, кои се компатибилни со најчестите програмски јазици.

Развојот на софтверот постојано поминува низ циклуси на промени и надградби, посебно на полето на Front-end. Развојот на Front-end се менува толку брзо што може да биде предизвик да се остане во чекор со новите трендови. Посетувањето на Академијата и нејзиното успешно завршување е само првиот чекор од станувањето дел од ИТ индустријата, а одреден број на посетители на Академијата, се веќе и вработени во софтверската компанија Сеавус.

Разговаравме со тројца членови на тимот на Сеавус, кои се вработиле токму преку Академијата: Вукашин Обрадовиќ - Intermediate Front-end девелопер, Олга Пеновска – Junior Front-end девелопер (Angular + Node) и Наталија Николова – Junior Front-end девелопер (React + Java).

Како изгледа работата на еден Front-end девелопер во Сеавус? Опиши ни еден твој работен ден?

Вукашин Обрадовиќ: Работата на еден Front-end девелопер во Сеавус е прилично динамична и интересна и секако никогаш не ми е здодевно. Денот започнува со логирање во работната околина на Сеавус платформите за работа, проверка на електронската пошта и календарот на активности и состаноци за тековниот ден и организација на обврските. Потоа почнувам да кодирам, следејќи ги специфичните барања дефинирани за проектот за кој работам, што однапред се договорени за време на планирањето.

Какви знаења и вештини треба да поседува еден врвен Front-end девелопер вo денешно време?

Вукашин Обрадовиќ: Секој квалитетен Front-end девелопер би морал добро да ги владее програмските јазици HTML, CSS, Javascript и некоја од framework платформите, како Angular или React. Покрај тоа, програмер на полето на Front-end би требало да биде самоорганизиран и одговорен кон проектите на кои е назначен и кодот, да биде доста комуникативен, да биде проактивен, да дава предлози, идеи и решенија за конкретни проблеми.



Какви се твоите импресии од студирањето на Академијата и воопшто од вработувањето и досегашната работа во Сеавус?

Олга Пеновска: Академијата беше мојот најдобар избор, ова го кажувам после 10 години работа како архитект и потполна преквалификација кон програмирање. Програмата е идеално креирана така што ве носи од почетници со никакво предзнаење низ детално учење на најновите технологии што се користат во IT индустријата, опфаќајќи сè што треба да знаете за да бидете Full Stack програмер. Посветеноста на предавачите е клучна, на крај гледате колку е обемен материјалот што сте го совладале, колку ве спремиле и насоката која ви ја дале за да продолжите сами. Во однос на вработувањето, Сеавус направи тим од дел од најдобрите студенти, со искусен ментор на чело кој нè води низ проекти со кои уште повеќе напредувам и станувам дел од индустријата.

На кои проекти работиш во моментов и што те мотивира да останеш во Сеавус?

Олга Пеновска: Во моментов привршуваме проект кој се вика EmployeeBoard, односно апликација за сите вработени во одредена компанија. Станува збор за Full Stack JavaScript апликација со Angular на frontend и PostgreSQL база на податоци. Самата апликација претставува еден вид база на податоци за вработени, содржи информации за нив, за работната позиција која тие ја имаат во компанијата и нивниот напредок, кои се активностите и одговорностите на секој вработен и нивно планирање, како и статистика за сето ова. Мојата мотивација доаѓа од тоа што Сеавус е голема домашна, но и интернационална компанија со најразлични проекти, а што повеќе проекти - толку повеќе различни технологии. Иако моето мислење е дека е најдобро да си најдобар во нешто и да го усовршуваш тоа, во IT индустријата ќе имаш напредок само доколку постојано го надградуваш своето знаење во повеќе технологии, а тоа најдобро се постигнува со работа на што повеќе најразлични проекти за домашни и интернационални клиенти.

Кажи ни нешто повеќе за тебе? Колку Академијата влијаеше врз твојот понатамошен развој и како е да се работи во компанија како Сеавус?

Наталија Николова: Јас се сметам за личност која е трудољубива и се обидувам да го дадам максимумот од мене во сè што правам. Во текот на моите студии на Машинскиот факултет, во неколку предмети при студирањето се сретнав со програмирање. Оттаму се роди и мојата љубов кон програмирањето, затоа Академијата за Веб Програмирање беше мојот избор за надградување.
Академијата беше еден исклучителен предизвик за мене. Со помош на врвните предавачи и асистенти, но и напорна работа, се стекнав со солидно знаење кое ми послужи денес да бидам вработена во Сеавус како Intermediate Front-end девелопер. Чест и задоволство е работам со неверојатни колеги, кои секогаш се спремни да го пренесат своето знаење на другите. Позитивната енергија во тимот е мотивација за понатамошен успех и постојано себенадградување. Сеавус е компанијата во која се чувствувам убаво и мотивирано.

Кои front-end трендови би сакала да ги видиш во текот на оваа година?

Наталија Николова: Во денешно време, корисникот користи многу различни уреди и потребата од најдобро корисничко искуство е неопходна. За да се подобри корисничкото искуство, брзината, перформансите, новите технологии растат и се развиваат. Во 2022 година трендови се концептите на SPA – single-page applications, PWA – Progressive Web Apps, Micro Frontend Architecture, Headless Architecture и можеме да кажеме дека популарноста на JavaScript сѐ уште се зголемува. Она што е интересно е Micro Frontend Architecture, каде што неколку тимови на девелопери можат да работат на еден веб проект. Оваа архитектура го раздвојува целосниот проект на повеќе „микроапликации“. Односно, micro frontend овозможува програмери со различни специјалности да работат заедно на ист проект. Micro frontend се користат за комбинирање на повеќе технологии, дополнителни придобивки се побрз развој, разновидност во преференции за Framework, подобра скалабилност. Секако, постојат и недостатоци како што се покомплексни тестирања, управување со конфигурации, итн. Но, и покрај тоа сметам дека Micro Frontend архитектурата ќе се развива и понатаму, и ќе биде тренд и во иднина.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија