Еден анонимен профил на порталот
The Workplace Forum пред одреден период објавил дека креирал бот што ја врши работата наместо него. Toa значи ставање информации во пресметковни таблици, а работникот може да работи оддалеку и поголемиот дел од времето да го минува со децата.
„Ова го правев речиси 18 месеци и во тоа време, во основа, ги открив сите замки и направив програма која во изминатите шест месеци ми ја завршуваше работата. Значи, за она што некогаш ми одземало еден месец, сега ми се потребни 10 минути за чистење на пресметковните таблици и нивно пополнување преку програмата.“
Но, него го измачувало една мисла: дали да му каже на шефот?
„Проблемот сега е дали да му кажам нему? Ако му кажам, најверојатно ќе ми ја земе програмата и ќе ме избрка од работа. Оваа не е компанија со преголем обем на работа – имаме застарен систем каде што ги чуваме податоците на нашите корисници, па единствено имаме потреба од негово одржување.
Кога ќе добијам податоци ги ставам во
програмата, па по една недела и повеќе им кажувам дека делумно сум завршил со работата и ги повикувам да проверат. Дури вметнувам и неколку багови, само за да изгледа дека го работел човек, а не компјутер.“
Па така, овој работник со еден до два часа работа во неделата си зема плата за полно работно време.