X
 07.11.2021 Култура

Земји што им доделуваат ваучери за културни содржини на младите

Неколку европски земји им нудат ваучери за културни содржини на младите. Овие ваучери може да се потрошат на книги, претстави, концерти, филмови, изложби итн.

Шпанија наскоро ќе нуди вакви ваучери за младите. Од следната година Владата на Шпанија ќе вложува 200 милиони евра во ваучери кои ќе им бидат поделени на тинејџерите на нивниот 18. роденден.

Така, околу половина милион тинејџери ќе добиваат картичка со 400 евра кои ќе може да ги потрошат на книги, претстави, концерти, кино, изложби и други културни содржини. На овој начин Шпанија сака да ја оживее културната индустрија, која беше тешко погодена од пандемијата.


Фото: Pixabay

Меѓутоа, овој модел први го имплементираа Италијанците, и тоа од 2016 година. Италијанското министерство за култура на секој 18-годишник му подарува 500 евра за културни содржини.

Овој модел ги инспирирал и другите членки на Европската Унија, па набргу на Италија ѝ се придружи и Франција. Француската Влада издвојува 80 милиони евра за да му додели ваучер со вредност од 300 евра на секој тинејџер. Овој ваучер може да се потроши за културни содржини или за купување книги.

Според првите резултати во Франција, 35 отсто од младите ги потрошиле овие пари на книги. Се проценува дека во Италија дури 80 проценти од ваучерот биле потрошени на книги.

Извор: Studentski
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура