X
 02.12.2016 Забава

Легендарните Rolling Stones со нов албум

Легендарниот британски рок бенд Ролинг Стоунс после 11 години  објававува нов студиски албум, со кој се враќа на корените на блуз музиката.


„Тоа е во чест на нашите омилени уметници, кои не поттикнаа сами да свириме", неодамна изјави фронтменот Мик Џегер претставувајќи го албумот „Blue and Lonesome“.

Рок великаните соопштија дека албумот е снимен во три дена, без дополнителни доснимувања во студио во Лондон. На две од 12-те песни свири и гитаристот Ерик Клептон, исто така познат по своите блуз музички корени. Стоунси на почетокот од својата кариера свиреле обработки на хитовите од Џими Рид, Вили Диксон, Литл Волтер, и други американски музичари. Подоцна групата има развиено свој стил со авторските песни на Мик Џегер и Кит Ричардс.

Нивната музика никогаш не се оддалечила премногу од блузот, а во 1969 бендот направи триумфално враќање на хард рокот заснован на блуз, со почеток на турнејата во САД на која се обележани како „најголемиот рокенрол бенд на светот“.

Нивните песни „(I Can't Get No) Satisfaction“, „Jumpin' Jack Flash“ и „Brown Sugar“ се сметаат за еден вид на рокенрол химни.

Нивниот последен студиски албум, „A Bigger Bang" беше издаден во 2005 година.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава