X
 11.02.2019 Култура

Пад на продажбата на албуми и синглови во САД

Продажбата на албуми во САД лани опаднала за 18,2 отсто во споредба со 2017 година, а продажбата на синглови – за 28,8 отсто, покажуваат податоците на Баз-Енгл.

На сметка на тоа, музичките аудио и видеостримови се зголемиле за 35,4 проценти. Од вкупниот музички промет во САД минатата година 77 отсто отпаѓаат на стримингот преку, на пример, „Спотифај“ и „Епл“, 17,3 отсто на продажбата на албуми и 5,7 отсто на сингловите.

Поради тоа, компанијата за купување преку интернет „Бест бај“ одлучи да престане со продажбата на цедиња.

Поради ова, познавачите на состојбите во музичката индустрија прашуваат дали можеби е време издавањето албуми и синглови да го промени својот облик.

 - Работите се јасни, купувањето музика сега излегува од тренд речиси исто толку брзо како што стриминг-музиката зема замав - велат познавачите за „Ролинг стоун“.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура