Доколку се подготвувате за барање нова работа или, пак, сакате да внесете нова енергија, дополнителното знаење нема да ви наштети. Ќе бидете повеќе информирани и попаметни при барањето нова работа доколку прочитате некоја од следниве книги.
„How to Talk to Anyone: 92 Little Tricks for Big Success in Relationships“, Лил Лоундес
Две важни работи што треба да ги земете предвид кога станува збор за разговор за работа и како на луѓето што разговарате ќе им оставите добар впечаток. „Разговорот за работа треба да го направите пријатен и добро да се покажете“, вели Аметист Витју, коосновач на програмата „Следен чекор Кина“.
Оваа книга ќе ве научи како да оставите добар впечаток и да дознаете нешто повеќе за вештините на вербалната комуникација. Секако, важно е сето она што ќе го прочитате да се обидете да го примените и во практика.
“Quiet: The Power of Introverts in a World That Can’t Stop Talking”, Сузан Кеин
Ова е одлична книга за оние што се сметаат за интровертен тип, луѓе кои се преокупирани со сопствен свет и се кријат од надворешниот, како и сите оние што имаат проблем да се вклопат во општеството и да се однесуваат во рамките на тоа општество. Оваа книга може да има големо влијание врз оние што мислат дека не можат да се поврзат со луѓето и да се истакнат во потрагата, а и во добивањето на работата.
“The Defining Decade: Why Your Twenties Matter — And How to Make the Most of Them Now“, Мег Џеј
Времето на вашите дваесетти години е време кога сте најмногу збунети, особено во кариерата. Размислувате за тоа дали да студирате, да се запишете на некоја висока школа или, пак, сето тоа да го избегнете и да се вработите.
„Ова е важна литература за луѓето што се во нивните дваесетти. Со одлични приказни и совети би можеле да добиете инспирација, да го пребродите стравот и да тргнете во акција. Само затоа што сте неискусни, не значи дека не сте подготвени, би требало да се истражувате себеси и да прифатите некои возбудливи можности.
“Nice Girls Don’t Get the Corner Office: 101 Unconscious Mistakes Women Make That Sabotage Their Careers”, Лоис П.Франкел
Жените што градат своја кариера и наидуваат на препреки по тој пат би требало да ја прочитаат оваа книга.
Сите жени што се во корпоративниот свет и кои сакаат да напредуваат, со помош на оваа книга би можеле да ги променат сите тие обрасци на однесување што им штетат и им го попречуваат патот. Д-р Франкел го променила начинот на нејзиното работење и оваа книга им ја предлага на сите жени, дури и на оние што не се во бизнис-светот.
“Indispensable By Monday: Learn the Profit-Producing Behaviors that will Help Your Company and Yourself”, Лери Мајлер
Со помош на оваа книга повеќе ќе верувате во себе, во вашите вештини и способности и во вашата способност да придонесете. Книгата ви покажува како да пресметате колку сте заработиле, а колку сте му заштедиле на вашиот работодавец. Ќе добиете информации што ќе можете да ги искористите на разговор за ново работно место или кога ќе барате унапредување. Најдобар начин за добивање работа е да ја прикажете вашата вредност низ
заработка, односно пари, а оваа книга ќе ви укаже како да го направите тоа.