Иако со прилична доза на сигурност може да се каже дека дури Првата светска војна ги донесе повеќето иновации и изуми поврзани со тактиките и средствата на модерниот
начин на војување, обидите да се надмудри непријателот со некој креативен потег, сепак датираат од најдалечните историски периоди.
1. Битката кај Пелузија – 525 година пред нашата ера (мачки како жив штит)
План: Битката кај Пелузија била првата голема пресметка меѓу Египет и Персиското царство. Псамтик Трети, кој ги предводел египетските трупи, се борел против силите на персискиот крал Камбис Втори, кој на крајот извојувал победа. И тоа со помош на следниот план: Не само што имале нацртани мачки на своите штитови, туку Персијанците во битката носеле и живи мачки со себе. Имено, Египјаните ги сметале мачките за свети животни кои не би ги повредиле по кој било услов. Тоа би било злосторство што се казнувало со смрт на овој свет, а уште потешко во задгробниот.
Дали успеал планот: Спектакуларно! Египетските војници кои се наоѓале на ѕидините, одбивале да стрелаат кон мачките. Персијците ги масакрирале Египјаните и го заробиле Псамтик Трети.
2. Битката кај Евримедон – 190 година пред нашата ера (змии отровници како ракети)
План: Во 190 година п.н.е. се одиграла поморската битка кај Евримедон, на подрачјето на денешна Турција. Се работи за битката меѓу Прусиј Први од Битинија и Еумен Втори од Пергамент. Прусиј на своја страна го имал Ханибал Барка, војсководецот од Картагена, и според многумина, еден од најголемите стратези во историјата кој побарал засолниште кај него после поразот од Римјаните. Ханибал имал помалку бродови од Еумен, но смислил план: им наредил на своите луѓе да соберат што повеќе отровни змии во глинени садови. Тогаш испратил преговарач кај кралот Еумен и внимателно го следел движењето за да открие точно на кој брод се наоѓал кралот. Кога Пергаменците им се приближиле, сите Ханибалови бродови ги исфрлиле со катапулти садовите со змиите врз флотата на Еумен.
Дали успеал планот: И тоа како. Половината војници на Еумен скокнале од бродовите, а другата половина се обидувале да се борат против војската на Прусиј и Ханибал и истовремено да се справат со нападите од отровниците.
3. Викиншкиот грабеж на Луна – 860 година (се преправал дека е пред умирање)
План: Викиншкиот водач Хастеин, во 9 век одлучил да го ограби Рим. Смислил план како да влезе преку ѕидините во градот – ќе се преправа дека е пред умирање и дека последна желба му е пред да умре да го прими христијанството. Неговите војници, покриени со наметки под кои го криеле оружјето, го внесоа во градот на носилка.
Дали успеал планот: И да и не. Според легендата, штом влегле во градот, Хастеин скокнал од носилата и заедно со своите луѓе почнал да ги убива мештаните и да ограбува сè што му било на дофат. Меѓутоа, се установило дека градот што го ограбиле не бил Рим, туку Луна.
4. Американската граѓанска војна – 1862 година (големо киднапирање на воз)
План: Во април 1862 година, граѓанинот Џејмс Џ.Андерсон со помош на 18 војници од Унијата, наумил да украде воз што бил во сопственост на Конфедерацијата некаде во Џорџија, длабоко зад непријателската линија. Испланирал со возот да стигне до градот Чатануг во Тенеси и да изврши бројни саботажи по патот – да минира пруги, станици, мостови, телеграфска комуникација... Планот им бил да ја украдат локомотивата во градот Мариета.
Дали успеал планот: Во поголем дел. Со оглед на тоа што украле локомотива со име Генерал во местото Биг Шанти, кое немало телеграф, не постоел начин да се предупредат силите на Конфедерацијата кои им стоеле на патот на Андерсон и неговиот тим. Кондуктерот на возот заедно со двајца мажи, тргнале пеш по крадците (имено, локомотивите тогаш се движеле со брзина од околу 24 километри на час, теренот по кој се движела локомотивата бил стрмен, а Андерсон планирал да застанува заради саботажите). Малку пешки, малку и со други возови, другите од Југот успеале да ги запрат киднаперите дури на крајниот север на Џорџија, само неколку километри пред границата со Тенеси. Некои од заробениците што успеале да ги фатат биле обесени, а неколкумина кои успеале да побегнат, подоцна биле одликувани со Конгресен медал на честа.
5. Втората светска војна – 1942 година (Проект Хабакук, брод од мраз)
План: Британците во текот на Втората светска војна сакале да направат носач на авиони од пикрит, мешавина од мраз и пулпа од дрво, со што би имале база од каде ќе полетуваат авионите во лов на германски подморници. Идејата ја предложил англискиот научник Џефри Пајк, клучниот човек на Combined Operations Headquarters, кој пред војната експериментирал со лесниот и евтин материјал пикрит. Планот бил да се направи брод седумпати поголем од Статуата на Слободата и тежок два милиони тони, но проблемот се јавил кај потребата од постојано ладење со комплициран систем од цевки.
Дали успеал планот: Ако сакаме да бидеме вонредно добронамерни – да. Имено, бил конструиран помал прототип на канадското езеро Патриција. Моделот тежел илјада тони, бил долг 18 метри и се ладел со помош на мотор од една коњска сила. Пајк, Бернал и Макс Перуц, кои ја развивале идејата за овој брод, сфатиле дека постојат одредени проблеми кај неговата изградба, како температурата и фактот дека за планираниот брод биле потребни 70 милиони долари и 8.000 работници за да се изгради во рок од осум месеци.
6. Втора светска војна – 1943 година (Големиот Панјандрум - експлозивното тркало)
План: Еден од интересните воени планови на Британците во Втората светска војна била изградбата на Големиот Панјандрум, тркало со дијаметар од 180 сантиметри што се движело со помош на ракети прицврстени за внатрешниот раб и што постигнувало брзина од околу 97 километри на час. Во средиштето на направата било планирано да се смести еден тон експлозив. Панјандрумот бил наменет да ја пробие три метри високата и 2,1 метри дебелата тврдина на Хитлеровиот Атлантски ѕид.
Дали успеал планот: Па, и не баш. Сè тргнало наопаку при конструирањето на оваа направа. При првото тестирање што започнало во 1943 година, прототипот постојано ја менувал насоката на движење, а ефикасноста му била нула. Големиот Панјандрум бил непредвидлив, за на крај да се откажат од идејата.
7. Спречување на бунтот Хукбалапах на Филипините – 1950 година (Американците го регрутирале локалниот вампир Асуанга)
План: Во 1950 година, Американците одлучиле конечно да му стават крај на бунтот Хукбалапах на Филипините, што започнал уште за време на јапонската окупација во 1942, но во меѓувреме се поврзал со комунизмот. Американците го испратиле генералот Едвард Г. Лансдејл, поборник на доктрината PsyOps (psychological operations) - психолошки операции. Тој открил дека комунистичките герилци се празноверни и дека веруваат во локалниот вампир Асуанга. Кај мештаните тој раширил гласини дека Асуанга живее во ридовите и кога оперативците на Лансдејл наишле на патрола на Хуковците, го зграбиле последниот војник, му издупчиле две дупки на вратот, и го врзале опаку за да му се исцеди крвта од телото, па го оставиле на патот.
Дали успеал планот: За многу краток период герилците исчезнале од тоа подрачје.
8. Студената војна – 1978 година (Проектот Старгејт со видовити луѓе)
План: ЦИА одлучила да вложи 20 милиони долари во проектот Старгејт што се спроведувал до 1995 година. Имено, откако во САД се појавила информација дека некои странски земји вложуваат огромни средства во истражувања за паранормалното, и тие одлучиле да се посветат на истото. Една група научници почнала со истражување на психолошките феномени како што се способноста за психолошко гледање на случувања или информации на големи растојанија.
Дали успеал планот: Не. ЦИА сфатила дека таков вид психолошки феномени не постојат и во 1995 година го затворила проектот. Било откриено дека испитаниците едноставно неуспешно ги погодувале предметите, случувањата или одредени информации.
9. Мирновременски период – 1994 година (американска „геј бомба“)
План: Лабораторијата Рајт во Охајо во 1994 година му предложила на Пентагон неколку оружја што не биле смртоносни, но на некој начин би можеле да влијаат врз однесувањето на војниците во текот на војувањето. Една од нивните идеи била т.н. геј бомба, хемиско оружје што би требало непријателите да ги претвори во хомосексуалци. Во теоријата, таа „халитозна бомба“ би содржела женски феромони и кога би експлодирала над непријателската жива сила, би предизвикала силна сексуална привлечност меѓу нив.
Дали успеал планот: Ни блиску. Се покажало дека е тешко да се создаде хемиска мешавина што војниците би ги претворала во хомосексуалци – барем не во толку краток период.