X
 16.07.2015 Живот

Воените бункери на Швајцарија

Швајцарија е политички неутрална земја, меѓутоа сепак има доста силна војска. Низ швајцарските алпи може да се пронајдат воени бункери внимателно скриени како да се вклопуваат со околниот пејзаж.

 

bunker


Некои од нив се камуфлирани како огромни карпи, други како тивки вили или плевни кои се отвораат во случај на вонредна состојба за да откријат топови и тешки митралези. Секој голем мост, тунел, пат и железница е наместен за да може намерно да се распадни кога и да е потребно. Патиштата можат да бидат претворени во писти.

Земјата има засолништа во случај на нуклеарна катастрофа во секој дом, институција и болница, како и 300.000 бункери и 5.100 јавни засолништа кои можат да го сместат целото швајцарско население доколку е потребно. Швајцарија исто така ја има една од најголемите армии со 200.000 активен персонал и 3.6 милиони на располагање. Секој машки граѓанин под 34 години е резервен војник. На војниците дури им е дозволено да носат дома оружје. Ако било кој се обиде да ја нападне Швајцарија, тие ќе ја пронајдат нацијата вооружена до заби.

Постои цитат од еден швајцарски офицер кој рекол: „Швајцарија нема армија, Швацарија е самата армија“. И навистина, моќната армија на граѓани ја одржаа неутралноста на земјата и ги задржаа соседните земји од освојување на Швајцарската територија. Земјата не била вклучена во воен конфликт веќе 200 години.

 

Линк до галеријата.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот