Британскиот физичар и космолог Стивен Хокинг примен е во болница во Рим, откако му се влошило здравјето, но не е во сериозна состојба, изјави неговиот портпарол.
Стивен Хокинг (74) кој престојува во Рим, учествуваше на конференцијата на папската академија на науките и имаше средба со папата Францис во понеделникот, бил префрлен во римската болница Djem, објави Ројтерс.
И портпаролот на познатиот физичар и неименуван извор од Ватикан информираа дека Хокинг, кој има заболување на моторичките неурони, не е во сериозна состојба.
Ватиканскиот извор изјави дека планот на
Хокинг за напуштање на Рим во текот на денешниот ден не е променет. Хокинг, авторот на книгата „Кратка историја на времето“, зборува со помош на компјутери и патува со уште 4 други лица, вклучувајќи и две медицински сестри.
Тој во Ватикан на 25 ноември одржа говор за потеклото на универзумот.
Нова информација: Последните информации се дека тој е пуштен од болница и се чувствува добро, после дводневните испитувања.