X
 15.03.2020 Образование

Студенти на „Харвард“ принудени да се сместуваат кај непознати поради мерките против коронавирусот

Деновиве Универзитетот „Харвард“ ги замоли студентите да не се враќаат по нивниот пролетен одмор бидејќи сите предавања ќе бидат одржани онлајн за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Во практика ова значи дека студентите имаа пет дена да ги напуштат студентските домови. За некои тоа не беше лесно бидејќи не може да си дозволи секој студент билет за дома купен во последна минута. Некои студенти живеат во земји што се сметаат за епицентри на коронавирусот, како Иран или Италија.


Фото: Pixabay

Се прават напори да се најде сместување за студентите што се погодени од мерката. Во средата кружеле листи на кои се собирале информации за семејствата кои би можеле да сместат студент. Имало листа од жителите на Бостон и друга од поранешните студенти на „Харвард“.

Мерките како затворање на училиштата, факултетите и студентските домови имаат цел да го намалат ширењето на коронавирусот, но ова може да биде проблем за ранливите категории. Во Кина затворањето на градот Вухан ефикасно го намалило бројот на нови случаи, но според медиумите, постарите лица и оние со посебни проблеми едвај стигнувале до храна.


Фото: Pixabay

Во случајот со „Харвард“, универзитетот во средата понудил финансиска помош за оние студенти на кои им е потребна. Студентите што имаат потреба ќе добијат 200 долари за да им се помогне со испраќање или чување на нивните работи. Доколку потрошат повеќе, дополнителната сума ќе биде додадена на школарината. Освен тоа, вработени лица ќе им помагаат на студентите да резервираат билети за патување.

Автор: Елизабет Сегран
Извор: fastcompany.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование