X
 12.02.2019 Технологија

„Епл“ ќе го награди тинејџерот што откри проблем со „Фејстајм“

Во четвртокот „Епл Инк“ ги објави софтверските ажурирања за ајфоните што го поправаат проблемот со приватноста на услугата за видеоповик „Фејстајм“. Проблемот беше откриен благодарение на тинејџер од Аризона, на кого од „Епл“ ќе му помогнат во образованието.

Софтверскиот баг што им овозможувал на корисниците да слушаат аудио од луѓето кои сѐ уште не одговориле на видеоповик бил откриен од средношколецот Гран Томпсон, кој ја натера компанијата да го исклучи групниот разговор на „Фејстајм“ за инженерите да го испитаат проблемот.

Технолошкиот гигант рече дека ќе му надомести на семејството Томпсон, а дополнителен подарок ќе биде вложувањето во образованието на 14-годишниот Грант. Освен тоа, „Епл“ и официјално им даде заслуга на Томпсон и Девен Морис од Арлингтон, Тексас, во најновото ажурирање на софтверот на ајфонот.

- Благодарение на пријавената грешка, нашиот тим спроведе темелна безбедносна ревизија на услугата „Фејстајм“ и направи дополнителни надградби и за апликацијата и за серверот со цел да се подобри безбедноста - пишува во соопштението на „Епл“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија