X
 15.12.2015 Култура

Походот на Илон Маск за заштита на светот против вештачката интелигенција

Долго време, технолошкиот крал Илон Маск искрено зборува за опасностите од создавањето на вештачка интелигенција на човечко ниво.

 

маск


Плашејќи се дека еден ден ќе бидеме мета на апокалипса од видот на Терминатор, шефот на Тесла започна соработка со други истакнати технолошки директори со цел да понуди некакво решение.

Одговорот доаѓа од нов потфат познат како „OpenAI“, организација која собра 1.3 милијарди долари за да обезбеди дека вештачката интелигенција се создава со дополнување на човечките способности, наместо со застарени.

Маск ќе дејствува како ко-претседател на организацијата заедно со Сем Алтман. Проектот привлече други влијателни донатори вклучувајќи го и основачот на PayPal Питер Тиел, основачот на LinkedIn Рид Хофман и ко-основачот на Y Combinator.

Но, што точно организацијата ќе прави со овие пари?

„Нашата цел е да ја унапредиме дигиталната интелигенција на начин од кој ќе има бенефеции и корист човештвото како целина“, изјави организацијата.

Разбирањето дека развојот на вештачката интелигенција на човечко ниво е неизбежна, организацијата се надева дека ќе го приоретизира добриот исход за целиот свет.

За да го постигне ова, организацијата вети дека ќе ги споделува своите истражувања јавно и ќе се спротистави на корпорациите и владите да не ја искористуваат технологијата која постојано се развива.

„Истражувачите ќе бидат охрабрени да ги објавуваат своите трудови, без разлика дали тоа ќе биде во вид на труд или блог пост“, објаснуваат од организацијата.

„Ние слободно ќе соработуваме со другите низ многу институции за да работиме со компаниите за истражување и распоредување на новите технологии“.

„Најдобрата одбрана против злоупотребата на вештачката интелигенција е да ги поттикнеме луѓето да имаат вештачка интелигенција“, вели Илон Маск.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура