Станува збор за филм во кој главен лик е Надине, бунтовна тинејџерка која на сите им пркоси освен на нејзината
учителка која не ги толерира нејзините испади. Не го пропуштајте.
14. „Everybody Wants Some“
Режисерот Ричард Линклатер не враќа назад во 1980 година каде неколку бејзбол играчи започнуваат да
студираат на малиот Универзитет во Тексас.
13. „Paterson“
Станува збор за драма од Џим Џармуш. Филмските ѕвезди Adam Driver и Golshifteh Farahani се во главните улоги.
Приказна за тивка опсервација на триуфите и поразите на дневниот живот, заедно со страста за поезијата.
.
12. „Love and Friendship“
Во режија на Вит Стилман филмот се заснова на романот „Lady Susan“ на Џејн Остин, напишана во 1794 година. Во
главните улоги се: Kate Beckinsale, Chloë Sevigny и Xavier Samuel.
11. „Hail, Caesar“
Станува збор за американско-британска комедија напишана, продуцирана и режисирана од Џоел и Етан Коен.
Филмот е фикција за реалниот живот на Eddie Mannix кој работи во филмската индустрија во Холивуд во 1950-тите
години. Во главните улоги се Џорџ Клуни и Скарлет Јохансон.
10. „Тhe Birth of a Nation“
Во режија на Нејт Паркер американската драма се основа на приказната за Нат Турнер, роб кој го предводеше
бунтот на робовите во Саутемптон Каунти, Вирџинија, во 1831 година.
9. „Hell or High Water“
Во режија на Дејвид Мекензи доаѓа оваа драма за разведен татко кој се обидува да му овозможи добар живот на
својот син.
8. „Loving“
Во режија на Џеф Николс, приказната во оваа драма е за Ричард и Мидред Лавинг, меѓурасен пар кој се бори со
предизвиците поради нивниот мешан брак во законската битка во Врховниот суд на САД во Вирџинија.
7. „Sully“
Американска биографска драма во режија на Клинт Иствуд која се заснова на автобиографијата „Highest Duty“ од
Челзи Суленбергер и Џефри Заслоу. Во главни улоги се: Том Хенкс, Лаура Лин, Арон Екхарт.
6. „Jackie“
Џеки Кенеди е толку микроскопски испитувана во американските медиуми што ве тера да се запрашате што друго
може да се каже. И тогаш ќе ја видите во овој филм во деновите по атентатот на Кенеди и ќе помислите дека одвај
сте ја познавале. Филмот е во режија на Пабло Лараин, а во главната улога е Натали
Портман.
5. „Silence“
Се работи за историска драма во режија на Мартин Скорсесе базирана на романот од 1966 година со истиот
наслов. Во главните улоги се: Адам Дривер, Ендру Гарфилд, Лиам Нисон.
4. „Fences“
Драма во режија на Дензел Вашингтон за Афро-Американски татко, кој се бори против расизмот во САД додека се
обидува да го заштити своето семејство во 1950-тите години.
3. „Moonlight“
Во режија на Бери Џенкингс драмата претставува приказна за човечката поврзаност и само-откривањето. „Moonlight“ е хроника за животот на еден млад црнец кој од детството се бори да го пронајде своето место во светот додека расте во соседство во Мајами.
2. „Manchester by the Sea“
Во режија на Кенет Лонегран драмата претставува приказна за вујко кој е присилен да се грижи за својот внук, тинејџер откако таткото на момчето умира.
1. „La La Land“
Станува збор за американски романтичнен мјузикл комедија и драма напишана и во режија на Damien Chazelle, а во главните улоги се: Рајан Гослинг, Ема Стоун, Џон Легенд и Розмари ДеВит. Приказна за џез пијанист кој се вљубува во амбициозна актерка од Лос Анџелес.