На прв поглед се чини дека овие сетови на познати ТВ-серии се фотографии од вистинските локации за снимање. Но, ако погледнете подобро, ќе сфатите дека кујната на Џери Сајнфелд, дневната соба на Моника и Рејчел и други култни локации од популарни серии и филмови се направени во минијатурни размери.
Уметницата Бриџит Мекарти ги создава овие креации, а нејзиното внимание на деталите е прилично неверојатно. Мекарти оди до таа мера што се грижи и најситните детали да бидат совршено направени. Така, на пример, за станот од серијата „Пријатели“, златната рамка за слика околу шпионката на вратата помага да оживее целата сцена.
- Отсекогаш сакав да „патувам“ во магичен свет, и ова беше мој начин да го создадам тој свет - вели таа.
Создавањето на сцената може да трае од неколку недели до еден месец. Откако ќе заврши, Мекарти снима видеа од сцените што ги создала.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото:
Instagram