Денес е четврток, 8 декември 2016 година, 343-иот ден во годината.
Сонцето изгреа во 06:43, а ќе зајде во 16:07 часот. Денот ќе трае 9 часа
и 24 минути.
Во утринските часови по одделни котлини долж Повардарието има појава на
слаба магла но и умерен мраз поради ниските утрински температури.
Насекаде имаме ведро и студено време.
МАКЕДОНИЈА – По студеното утро со ниски утрински температури кои се
движат во интервал од -9 до -1 степен, во текот на денот ќе биде
претежно сончево и потопло време со дневните температури кои ќе
достигнат до 4 односно до 11 степени. Ќе дува доумерен југозападен и
југоисточен ветер, кој попладне ќе го промени правецот во северозападен
и западен. Во вечерните часови се очекува појава на магла.
СКОПЈЕ- По студеното и магловито утро, во текот на денот ќе биде
претежно сончево со локална облачност. Претпладне слаб југозападен,
попладне северозападен ветер. Утринската температура од -6 степени, а
максималната дневна до 6 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - И во наредните денови над Македонија доминација на
поле на висок воздушен притисок што ќе условува стабилно и се потопло
време, особено преку ден кога се очекуваат надпросечни температури за
овој период од годината, иако утрата и ноќите сеуште ќе бидат студени.
Во петок претежно сончево со локална облачност и потопло време со дневни
температури од 8 до 14 степени. Во сабота и недела сончево и топло време
со дневни температури од 10 до 16 односно од 9 до 15 степени. Во
понеделник претпладне претежно сончево со локална облачност, попладне се
очекува зголемување на облачноста и опаѓање на максималните температури
кои ќе се движат во интервал од 8 до 14 степени.
Weather4all.com.mk