Денес е четврток, 21 декември 2017 година, 355-иот ден во годината.
Сонцето изгреа во 06:52, а ќе зајде во 16:10 часот. Денот ќе трае 9 часа
и 18 минути.
САТЕЛИТСКА СЛИКА – По најдолгата ноќ во 2017 година, во утринските
часови во Македонија имаме претежно облачно време со повремени сончеви
периоди и студено.
МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес ште едно невообичаено студено утро за
овој период од годината со утрински температури кои што ќе се движат во
интервал од -13 до -3 степени. Во текот на денот ќе биде претежно
сончево време со појава на локална облачност, ветровито и студено време.
Ќе дува доумерен северозападен и североисточен ветер. Како утринските,
така и максималните дневни температури ќе останат под повеќегодишниот
просек за овој период од месец декември и ќе достигнат до -6 односно до
4 степени.
СКОПЈЕ - Во Скопје денес во утринските часови ќе биде умерено облачно со
повремени сончеви периоди, во текот на денот намалување на облачноста и
се повеќе сончеви периоди. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер.
Утринската температура од -3 степени, додека пак дневната ќе достигне до
1 степен.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во петок ледено утро со утрински температури од -13
до -4 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на
локална облачност, ветровито и малку потопло време со дневни температури
кои што ќе достигнат до -2 односно до 8 степени. Во сабота умерено
облачно време со повремени сончеви периоди и малку потопло време со благ
пораст на температурите. Минималните од -8 до 1 степени, додека пак
максималните од -3 до 7 степени. Во недела и понеделник претежно сончево
време со појава на локална облачност и студено време. Температурите ќе
бидат во пораст но и понатаму ќе останат под повеќегодишниот просек за
овој период од годината. Утринските температури од -10 до -1 односно од
-8 до 1 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат од -4 до 6
односно од 2 до 12 степени.
СКОПЈЕ 5 ДЕНА - Во Скопје во петок претежно сончево време со појава на
локална облачност и малку потопло време со дневна температура до 5
степени. Во сабота зголемување на облачноста која што ќе услови потопло
утро со температура од -2 степени, а во текот на денот умерено облачно
време со повремени сончпеви периоди и температура до 4 степени. Во
недела и понеделник претежно сончево време со појава на локална
облачност, со напомена дека во понеделник се очекуваат повеќе сончеви
периоди. Минималните температури од -10 до -1, односно од -8 до 1 степен
додека пак максималните дневни температури од 2 до 12 степени.
КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХОТ - Според измерените податоци во 6 часот на сите
мерни места имаме ниско ниво на загаденост на воздухот, што значи дека и
количеството на штетните пм 10 честички насекаде е во границите на
дозволеното. Во изминатите 24 часа највисоко количество на штетни пм 10
честички беа измерени во Битола 97 микрограми на метар кубен, Кочани 77,
Тетово 76, а во Скопје вредностите се движеа од 40 до 95 микрограми на
метар кубен.
Денес, на северната полутопка и во Македонија, во 17 часот и 28 минути и
календарски ни започнува зимата. Во исто време, на јужната полутопка
започнува летото. Воедно, денешниот ден на северната полутопка ќе биде
најкраток ден во годината, а на јужната полутопка ќе биде најдолгиот
ден. Ноќта пак помеѓу четврток и петок, ќе биде најдолга за 2017 година
и ќе трае цели 14 часа и 53 минути.
Зимата ќе трае 89 дена и астрономски ќе заврши на 20 март 2018 година во
17 часот и 15 минути
Weather4all.com.mk