X
 09.11.2015 Образование

Дали би го положиле најтешкиот приемен испит на светот?

Приемниот испит на колеџот „All souls“ при Оксфордскиот универзитет се состои од апстрактни прашања за кои не е доволно „бубање“. Токму затоа, многумина го нарекуваат „најтежок испит на светот“.


Кандидатите кои се запишуваат на овој колеџ треба да решат два општи тестови и два специјализирани во нивната насока. Следуваат неколку прашања од општите тестови.

1. Дали во 20-от век победила Левицата или Десницата?

2. Дали интелектуалците треба да „твитаат“?

3. Дали државите треба да ги контролираат своите граници?

4. Дали иднината е вегетаријанството?

5. Дали сите граѓани треба да добиваат минималец од државата?

6. Дали на авиокомпаниите треба да им се дозволи наплаќање карти според нивната тежина?

7. „Луѓето кои се безбедни, храбри се“. Дали е точно?

8. Дали на затворениците треба да им се дозволи да гледаат телевизија?

9. Дали е погрешно да се користат дронови во војна и зошто?

10. За што служат универзитетите?


Следуваат прашања од тестови за кандидатите за студии по филозофија.

1. Дали родот е социјално конструиран? А полот?

2. Дали бесот има легитимна улога во политиката?

3. Што може да научиме за психата ако ги имаме на ум нејзините пореметувања?

4. Дали емоциите може да бидат причина за постапување?

5. Како функционираат извинувањата?

6. Дали епистемиологијата треба да биде натурализирана?

Тестот на овој колеџ го положуваат просечно двајца во 80 луѓе. Оние кои ќе го положат тестот потоа мора да ги образложат одговорите и усно.

Луѓето кои го положуваат тестот стануваат студенти на седум години и добиваат стипендија за студирањето.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование