НБА-легендата Мајкл Џордан неодамна ја отвори клиниката „Мајкл Џордан фемили медикал клиник“ чија цел е да обезбеди грижа за пациентите без здравствено осигурување. Лоцирана во Шарлот, Северна Каролина, клиниката ги отвори вратите по две години откако Џордан вети дека ќе донира 7 милиони долари за две медицински установи.
Локацијата на клиниката не беше обична случајност. Џордан го избра градот каде што бил роден затоа што сака да му се оддолжи на местото што го формирало како личност и што го однело на патот до успехот. Во текот на емотивниот говор, Џордан рече: - Емотивно е за мене што можам да ѝ се оддолжам на заедницата што ме поддржуваше низ годините.
Болницата се наоѓа во посиромашна област во градот и ќе прима пациенти што немаат здравствено осигурување, а живеат во областа.
Во 2014 година Универзитетот „Харвард“ спроведе извештај во кој Шарлот беше рангиран на 50. место од вкупно 50 земји за економска мобилност за деца родени во сиромаштија.
- Верувам дека вашиот поштенски број и соседство не треба да го одредат квалитетот на вашата здравствена заштита - изјави Мајкл
Џордан.
Клиниката има 12 простории за преглед, оддел за рендген и место за физикална терапија. Освен што се грижи за здравјето на пациентите, клиниката ќе има и социјален работник.