Клиниката за инфективни болести во Скопје ги доби неопходните материјали кои како донација ги обезбедија Фондацијата на Coca-Cola и „Пивара Скопје“, а се реализираат преку Црвениот крст. Примопредавањето на оваа донација е дел од активностите со кои годинава, под мотото „Сите сме црвени“, се одбележува 8. Мај - Светскиот ден на Црвениот крст и Црвена полумесечина. Истиот ден воедно е и роденден на Coca-Cola.
- Денешната донација кон Клиниката за инфективни болести во услови на зголемена фреквенција на пациенти е само уште еден позитивен пример за солидарност, општествена одговорност и поттик за меѓусебна помош и поддршка во услови на пандемија. Особено сме им благодарни на Фондацијата на Coca-Cola и „Пивара Скопје“ за финансиските средства што ги обезбедија за реализација на оваа активност на Црвениот крст - изјави Сузана Тунева-Пауновска, секретар на Црвен крст на Град Скопје.
Донираните материјали за Инфективната клиника се дел од листата со приоритетни потреби на Министерството за здравство во борбата со пандемијата на Ковид-19.
- Како интегрален дел од оваа заедница, ние во „Пивара Скопје“ сме горди што имаме можност да помогнеме тогаш кога е потребно. Тоа е дел од нашата компаниска култура, на нашите вредности и на нашето општествено одговорно дејствување, кое е насочено кон потребите и интересите на заедницата, на луѓето што ја сочинуваат и на целата земја. Од големо значење е и поддршката од групациите Coca-Cola HBC и HEINEKEN каде што припаѓа нашата компанија. Во оваа пригода сакам да им упатам голема благодарност на сите вработени и волонтери на Црвениот крст за нивната огромна посветеност и работа, а воедно би сакал посебна благодарност да упатам и до целокупниот медицински персонал кој се грижи за здравјето на пациентите со Ковид-19 - изјави Ламбро Патче, менаџер за односи со јавност и комуникации на „Пивара Скопје“.
Голема благодарност за донацијата и целокупната поддршка што ја добива Клиниката за инфективни болести во справувањето со здравствените предизвици од пандемијата искажа организацискиот директор на клиниката, д-р Мирјана Пехчевска Поп-Илиев.
- За нас оваа донација претставува гест на подадена рака, но и поттик за уште поуспешна работа и храбро и посветено да го издржиме целиот овој тежок период. Клиниката за инфективни болести била секогаш на првата борбена линија кога станува збор за кризни ситуации. И во оваа ситуација, како и секогаш претходно, сите ние го даваме максимумот во борбата и справувањето со истата. Овие кризни времиња ни даваат можност дополнително да си помагаме уште повеќе и нѐ потсетуваат дека најважно е да се биде човечен - изјави д-р Пехчевска Поп-Илиев.
Инаку, донацијата за Клиниката за инфективни болести во Скопје е само дел од активностите на Црвениот крст насочени како одговор на пандемијата од Ковид-19, кои меѓу другото опфаќаат и обезбедување итни социјални и здравствени сервиси, психо-социјална поддршка, логистичка асистенција, медицинска заштита и информирање на населението за справување со коронавирусот. Во тие рамки, активни се и 37 мобилни волонтерски тимови на Црвениот крст кои вршат неопходна набавка на лекови, прехранбени производи и средства за лична хигиена и истите ги доставуваат до домовите на старите, изнемоштени лица кои живеат сами, хронично болните, до семејства со лица со посебни потреби, самохрани родители и други ранливи категории граѓани на целата територија на земјата. Финансиските средства за реализација на овие активности ги обезбедија Фондацијата на Coca-Cola и „Пивара Скопје“.
(Комерцијална објава)