Со повеќе од 270 гласови од вкупно 538, американските претседателски електори го официјализираа изборот на Доналд Трамп за претседател и покрај силниот притисок против него кој беше присутен и на социјалните мрежи, но и на улиците во Америка.
Трамп има 304 од 306 електорски гласа, откако само двајца републикански електори го променија гласот на своите држави и гласаа за Клинтон.
Електорите во Канзас, Илиноис, Индијана, Њу Хемпшир, Северна Каролина и Пенсилванија гласаа во текот на утрото и попладневните часови и ги поделија гласовите од своите држави без нелојални електори.
„Денес се одбележува историска изборна убедлива победа на демократијата на нашата нација. Му благодарам на американскиот народ за нивниот глас за да ме изберат мене како нивниот следен претседател на Америка“, изјави Трамп.
Победата на
Трамп е рангирана на 46-то место од 58 избори во американската историја.