X
 20.12.2016 Образование

Најпознатите лектири за средно образование претставени на филмско платно

На листата на дела за есеј или писмена работа кои се наменети за изучување и обработка за учениците од средните училишта се најдоа неколку лектири од светската литература од кои поголемиот дел имаат и своја филмска адаптација.


лектири


 „Странецот“

Прва на листата на дела е романот на Алберт Ками од 1942 година „Странецот“. Врз основа на овој француски роман се појавија два филма во 1967 година. Во тој период во режија на Лукино Висконти настана италијанскиот филм „Lo straniero“ („Странецот“) со Марчело Мастројани во главната улога. Другиот филм настана по примерот на ова познато дело „Yazg“ („Судбина“). Станува збор за турската драма на режисерот Зеки Демиркубуза, кој во 2001 година романот го прилагоди на филмскиот екран. Овој филм беше прикажан години подоцна на престижниот филмски фестивал во Кан.

„Процес“

На листата се најде и најпознатото дело на Франц Кафка „Процес“. Делото од 1915 година неколку пати беше адаптирано во филм. Шведскиот филм „Forvandlingen“ од 1976 година во режија на Иве Дворак, „Prevrashchenie“, руски филм од 2001 во режија на Валерија Фокин, потоа 'Metamorphosis', канадски филм во режија на Крис Свантон од 2012 година се само некои од познатите адаптации на расказите од Кафка.

„Злосторство и казна“

Делото кое најмногу пати се појавуваше на полагањето на државната матура е руската класика „Злосторство и Казна“ од Фјодор Михајлович Достоевски. За популарноста на делото сведочи и фактот дека од неговото продолжение врз основа на романот се снимени дури 25 филмови. Првиот филм беше направен во 1923 година, а името го доби по главниот лик „Raskolnikow“.

Меѓу познатите се и „Crime and Punishment“ од 1935 година, на режисерот Џозеф фон Стернберг, потоа „Преступление и наказание“ од 1970 година, советската драма во два дела настана под режисерката палка на Лев Александровиќ Кулиџанова. Една од познатите адаптации на овие дела е и истоимениот ТВ филм од 1998 година во кој главните улоги ги играат познатите актери Патрик Демпси како „Raskoljnikov“ и Бен Кингсли како истражувачот Порфириј Петрович.

Интересно е дека во овој контекст се споменува и еден од најпознатите режисери на сите времиња, Алфред Хичкок, кој во едно интервју бил прашан дали некогаш размислувал за филмската адаптација на ова дело. Тогаш Хичкок објаснил дека би можел да направи одличен филм од добрите и медиокритетски книги, но никогаш од ваква одлична книга.

„Хамлет“

Меѓу лектирите кои најмногу се заштитени е „Хамлет“ на Вилијам Шекспир, кој својата прва филмска адаптација ја доживеа во 1900 година во кратка форма од 5 минути. Речиси половина век подоцна, во 1948 година снимен беше и најпознатиот и единствен „Хамлет“ кој до ден денес освојува Оскари. Режисерот е Лорен Оливие, кој воедно ја толкуваше и улогата на младиот дански принц.

Првиот Хамлет во боја за првпат беше снимен 20 години подоцна, од режисерот Тони Ричардсон, а Хамлет го глумеше Никол Вилиамсон. Една од најпознатите филмски адаптации на ова дело е од 1990 година од режисерот Франко Зефирелиј. Главната улога ја толкуваше тогашниот популарен актер Мел Гибслон, а во филмот се појави и Глен Клос и Хелена Бонам Картер.

Временски најдолга, а воедно и најавтентична адаптација е делото од 1996 година. Режисерот Кенет Брана се одлучи на Шекспировите драми веќе во својот 4 часовен филм со неговото оригинално сценарио. Главните улоги ги играа Кенет Брана, Дерек Џејкоби и Кејт Винслет, а филмот „заработи“ дури четири номинации за Оскар.  

„Антигона“

Иако често е во облик на театарска претстава или опера, грчката трагедија „Антигона“ дури 3 пати била филмски адаптирана. Првиот пат како едно од најзначајните дела на светската книжевност на филмското платно беше прикажана во 1961 година. Филмот „Антигона“ ја следи приказната, но има малку поразличен крај, Креонт се повлекува од престолот и ја напушта Теба. Режисер на филмот е Јоргос Завелас, а улогите ги играат Ирене Папас, Манос Катракис и Маро Кодоу. Модерна адаптација на грчката трагедија се случи во 2011 година во филмот на Бруне Кополе, па во 2012 година во филмот „Антигона“ од режисерот Антонио Д’Афонсо.
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование