X
 21.01.2020 Култура

Книжарница на својот твитер-профил објавила дека не продала ниту една книга - а потоа се случило нешто неверојатно

100-годишна книжарница била преплавена со нарачки откако на својот твитер-профил објавила дека имала прилично лош ден во кој не продала ниту една книга.

Вработен во книжарницата „Петерсфилд“ објавил слика од книжарницата под која напишал дека првпат во историјата на книжарницата не се продала ниту една книга.

Твитот бил споделен повеќе од 7.000 пати, вклучително и од авторот Нил Гејман.

Сопственикот на книжарницата, Џон Вествуд, изјави дека бил изненаден од реакциите. - Верувам во оваа индустрија, но нарачките преку интернет и преку „Амазон“ многу нè погодија. Морав да го продадам својот стан за да ја одржам продавницата во живот и спијам на креветот во продавницата. Имавме големи планови за иднината на книжарницата, за тоа како да се прошириме и да растеме, но прво треба да стигнеме таму - вели тој.

Вествуд вели дека по твитот добил повеќе од 300 пораки во кои луѓето се распрашувале за книги и имал 95 нарачки.

- Неверојатно. Љубителите на книги се посебни луѓе и сите ми дадоа поддршка. Продолжив со работа во книжарницата заради татко ми - ако сакате да се збогатите, немојте да влегувате во индустријата за книги. Книгите се посебна работа. Гледајќи ги, допирајќи ги, мирисајќи ги сфаќам дека книжарницата е посебно место - вели тој.

Вествуд не верувал во моќта на социјалните медиуми бидејќи е старомоден, но по твитот се изненадил. Тој му се заблагодарил и на авторот Гејман, кој ја споделил објавата и со тоа ги поттикнал луѓето да нарачуваат книги од книжарницата.

Книжарницата, која продава нови книги и книги од втора рака, во 2018 година го прослави својот 100-ти роденден.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура