X
 22.12.2016 Култура

Највозбудливите филмови за 2017 година

Филмови кои со нетрпение ги очекуваме во 2017 година!

1. „The Fate of the Furious“



Не не' возбудува новиот наслов кој има примеси на сапуница („The Fate of the Furious). Ниту пак враќањето на Вин Дизел и Двејн Џонсон. Она што е навистина возбудливо е новото надополнување на актерската екипа.

Број 1: Шарлиз Терон, со чудна коса. Број 2: Хелен Мирен во неодредена улога, во која дефинитивно ќе биде вклучено возењето.

2. „Guardians of the Galaxy 2“



Порачките за играчки „Baby Groot“ се огромни, а комедијата на „Мarvel“ има уште шест месеци до премиерата. „Marvel“ се надева дека и со вториот дел ќе успеат да стигнат до милијарда долари заработка.

3. „Justice League“



Неодамнешниот „Batman v Superman: Dawn of Justice“ на „Warner Bros“ и немаше баш најдобри критики, па затоа потребно е овој филм навистина да успее.

4. „Kingsman: The Golden Circle“




Заборавете на Супермен, Бетмен и останатите херои. Моментално најпопуларниот лик е ликот на Колин Фирт во продолжението на „Kingsman“. Во вториот дел се придружуваат и Ченинг Татум, Џулијан Мур, Џеф Бриџис, Хали Бери, Вини Џонс и Елтон Џон.

5. „The Lego Batman Movie“




„The Lego Movie“, комедијата на Фил Лорд и Кристофер Милер, беше едно од најнеочекуваните освежувања во филмската индустрија. Затоа, не' очекува и „The Lego Batman Movie“, со тимот од соништата: Мајкл Цера како Робин, Ралф Фајнс како Алфред, Росарио Досон како Бетдевојка и Џени Слејт како Харли Квин.

6. „Logan“



Се смета дека ова е последното продолжение од Волверин и Хју Џекман во оваа улога.

7. „Thor 3: Ragnarok“




Тизер трејлерот за најновото продолжение има неверојатни 18 милиони прегледи. Во екипата се приклучуваат и Том Хидлстон и Идрис Елба.

8. „World War Z 2 “



Дејвид Финчер овозможува продолжение на зомби авантурата на Бред Пит. Не се знае скоро ништо за филмот, но со оглед на тоа што публиката е гладна за ваков жанр, прогнозата за филмот останува „здрава“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура