X
 22.12.2016 Живот

Проблемот на ИКЕА

Откако неодамна ја изгубија битката со купувачите во Кина кои упорно спиеја на нивните каучи и кревети, Икеа повторно има бизарен проблем.

 

икеа


Оваа шведска компанија ги моли тинејџерите да престанат да се кријат по продавници за таму да ја поминат вечерта.

Оваа година Икеа регистрирала десет „неспонзорирани“ преноќувања во своите продавници ширум светот. Трендот започна откако двајца белгиски тинејџери кои имаат канал на „YouTube“, се сокриле во една од продавниците на Икеа и ноќта ја поминале таму. Нивната мала авантура ја снимиле и добиле 1.7 милиони прегледи.

Во последниот случај, вработените во Шведска фатиле две 14 годишни девојчиња кои се обиделе да се сокријат во продавницата. Икеа одлучила да не ги тужи девојчињата поради нивната возраст, но не сите имале таква среќа.

Во октомври оваа година во продавница во Малме биле пронајдени две 15 годишни девојчиња кои се сокриле во плакарите и до утро не излегле бидејќи се плашеле дека ќе се активира алармот. Откако биле пронајдени, девојчињата биле пријавени во полиција.

„Мило ни е што луѓето се заинтересирани за Икеа и сакаат да се забавуваат, но на прво место ни е сигурноста на купувачите и вработените, па затоа не дозволуваме преноќување во продавниците“, изјави портпаролот на Икеа.

 


 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот