Животот не е мачење. Животот е школо, искуство, напредок, развој.
Ако проблемите ги сметаш за непријател, тогаш тие никогаш нема да донесат нешто позитивно и конструктивно. Но, ако почнеш на нив да гледаш како на предизвик, на лекција, како ново сознание, тогаш тие се претвораат во сојузник и не изгледаат веќе толку застрашувачки и моќни.
Животот ни носи разни искуства како дар. Од проблемите не се бега, затоа што и не може да се побегне. Проблемот може да се анализира во детали – зошто се појавил во нашиот живот, зошто токму сега и зошто токму нам, а потоа полека и со трпение да се бара решението.
Ако животот те притиснал и не те пушта, тоа едноставно значи дека не гледаш нешто што треба да го видиш, нешто во себе, нешто што е важно. Тоа значи дека си на погрешен пат. Дека во себе имаш премногу лутина, омраза, неразбирање, нетолеранција, недоверба.Тоа значи дека си се оддалечил од доброто, природното, она што заслужува внимание. Животот удира шлаканици, без пардон, кога луѓето го игнорираат.
Не е наша работа на животот да му наоѓаме мани. Ниту на другите луѓе, ниту на околностите. Наше е да се грижиме за себе, да се проучуваме самите, да се менуваме, да се подобруваме. Наше е сите случувања да ги прифаќаме како вредни искуства. За сè има причина. Ништо не е случајно. Нам ни останува да сфатиме што бара животот од нас.
Затоа, чепкај, барај, размислувај, седи во тишина, и молчи сам со себе секој ден. Слушај ги тие тивки, суптилни пораки. Ако сакаш нешто да промениш, треба да знаеш, сè е до тебе и во тебе. И кога и како и зошто. Сите одговори се во тебе.“
Бојана Чупиќ