X
 23.12.2016 Живот

Приказна на една студентка: „Како одлучив да станам дел од ИСИС?“

Ова е нејзината приказна

Туба Гондал денес е во Сирија, вдовица е на еден од борците на ИСИС. Во март минатата година, помалку од два месеци по нејзиното пристигнување во Сирија, Ум Мутхана ал Британиа на својот профил на „Twitter“ објавила фотографија како на косата носи бурка, а во рацете пушка АК-47. „Да се живее живот на вистинска слобода", напишала таа во описот на фотографијата. Сепак, не толку долго одамна таа уживала во сосема поинаков вид на слобода, излегувала со момчиња, се шминкала, ја започнува својата приказна за „Vicе“ младата девојка која се радикализирала.


муслиманки


Ум Мутхана не е нејзиното вистинско име, туку Туба Гондал, таа е 22-годишна девојка од британско-пакистанско потекло која израснала во Источен Лондон. До крајот на 2014 година, таа студирала на Универзитетот „Голдсмит“, а денес е во Раки, вдовица на човекот кој минатата година загинал борејќи се за ИСИС. Нејзиниот татко, Мохамед Башир Гондал, за новинарите изјавил дека неговата ќерка е жива и е во Сирија, но не одговорил на неколку барања за интервјуа, што му ги испратил „Vice“.

Покана за вработување

На својот „Twitter“ Туба нема ништо објавено уште од средината на март, а во една од нејзините последни објави му оддала почит на нејзиниот починат сопруг, Абу Абас Ал-Лубнаниј. Освен што бил борец на ИСИС, тој бил и водач за вработување на жени и девојки во Велика Британија, кои ги убедувал да се приклучат на борците на ИСИС и да станат „невести во џихад" и да им го дадат животот на идните генерации на ИСИС милитантите.

Ум Mутхана на „Twitter“ објавувала слични нешта. Во една објава од месец септември минатата година ги повикувала заинтересираните за миграција во Исламската Држава да и се јават приватно. Ум на почетокот на оваа година покажувала воодушевување за воената обука во кампот на ИСИС.

Со оглед дека ја променија својата политика врзана за испраќање на жените во битка, постои многу реална можност дека и таа ќе стане дел од активната борба и дека ќе го направи она што на „Twittter“ пишувала дека го сака. Во вечерните часови, на денот на терористичкиот напад на Париз, кога членовите на ИСИС убија 130 луѓе, на својот „Twitter“ профил напишала: „Јас би сакала да можев со свои очи да ги видам заложниците кои беа убиени минатата ноќ. Тоа би било прекрасно".

Била изгубена


Ум од Велика Британија е дел од мрежата на ИСИС. Но, останува прашањето која е Tуба Гондал? Тој факт останува мистерија, и уште не е јасно како девојката Tуба се претворила во Ум Mутхана. Според изјавата на еден од нејзините поранешни соученици, кој сакаше да остане анонимен, Tуба пушела во училиштето, имала таен дечко и обожавала момчиња од бендови. Тогаш пред две години таа почнала да објавува стихови од Куранот на својот профил на „Twitter“ и да разговара за религијата.

Она што е јасно е дека Tуба како и многу регрутери на ИСИС е „повторно родена" во муслиманка. За тоа напишала на својот профил на „Twitter“. Во ноември 2014 година, објавила дека била „изгубена и лутала пред да добие благослов во својот живот". Таа спомнала дека со исламот сé има смисла. На нејзиниот  „Facebook“ профил кој сé уште е активен, стои датумот 16 ноември 2012 со написот „Денот кога Алах ме доведе до исламот“. 


Туба


Снимка за метаморфозата


Ова будење било пресвртница во нејзиниот живот, точка која засекогаш ја променила. Дури објавила и аудио-снимка на која се обидува да прецизира што точно значело тоа за неа. Снимката трае околу 40 минути, а на неа зборува за нејзината преобразба во Ум Mутхана и за емоциите што ги доживеала.

„Прво, јас ќе ви кажам за позадината на моето однесување и размислување, без премногу да ги откривам своите гревови„, започнува на снимката Ум.

Потсетува дека пред 9 години почнала да пуши и станала зависник. „И тогаш висев околу со лошо друштво и момци и ги правев сите видови на забранети работи. Тогаш ја имав таа слобода, знаете? Носев сé што сакав. Како што минуваше времето, така работите се влошуваа, јас ставив пирс, без размислување сето тоа го правев. Немаше умереност, не постоеја ограничувања".

На снимката се осврнала и на членовите на нејзиното семејство кои биле практични муслимани. „Но, јас никогаш не бев дома за тоа да го постигнам, јас никогаш не бев поврзана со нив. Верував во Алах и тоа беше тоа. Сега сфаќам, се разбира, дека бев изгубена. Секој пат кога размислував за исламот тоа некако го потиснував. И таквата состојба според исповедта на младата девојка било се до тој ден во 2012 година, кога имала 18 години. Тогаш Tуба се вратила на исламот.

Настанот кој го одбележа нејзиниот живот

Била на факултет и слушала за заштита на животните, како и употребата на индустријата на брза храна.  Таа влегла во дебата со нејзиниот професор кој бил атеист, и кој тврдел дека струјата е најхуманиот начин да се убие животно. „Халал начинот е најдобриот начин", рекла таа и му одговорила, а потоа следела жестока расправија. На крајот гласно пред целиот клас професорот ја прашал: „Дали се молиш пет пати на ден?". Останала да седи во шок, а потоа му одговорила: „Како се осмелуваш да ме прашуваш за такво нешто? Јас нема да ти одговорам. Јас само на Алах ќе му одговорам на тоа на Судниот ден".

Во тој момент во видеото, Tуба почнала да плачи: „Јас никогаш ги немав кажано овие зборови. Веднаш штом зборовите излегоа од мојата уста, моето срце потона, а потоа заѕвони ѕвончето и брзо ја напуштив училницата. Се погледав во облеката што ја носев и помислив: „Како ваква ќе застанам пред Алах? Јас никогаш не сум направила ништо добро во животот".

Подоцна истиот ден, се приклучив на муслиманките од мојот клас кои беа целосно покриени и ги прашав за нивната религија и за долгите фустани што ги носеа. На Туба и се допаднал фактот дека фустаните биле скроени по мера. Следниот ден, нејзина пријателка донела еден таков фустан за неа да проба, а другата донела марама. „Јас буквално се заљубив", се сеќава на моментот кога се видела во огледалото. „Се чувствував како нова личност. Се чувствував толку чиста и среќна".

Од објавувањето е видлива промена во однесувањето

Пред да замине во тоалет, ги зела цигарите од ташната и ги фрлила во ѓубре. Таа го извадила пирсот и го фрлила. Нејзината прва прошетка низ универзитетот облечена во хиџаб била тешка. „Многу луѓе ме гледаа. Но, на вратата ја видов мојата најдобра пријателка. Сепак ова утро јас бев како неа, разговарав со момчињата, пушев, бев облечена како неа, но како ќе реагира кога ќе ме види, си помислив“.

Но, мислев дека треба да го направам тоа и дека морам да се соочам со неа. Веднаш штом ме виде таа рече: „Што носиш по ѓаволите? Дојде до моето лице, но си заминав тивко, немав што да ѝ кажам.

Размислував како се осудува тоа да ми го каже, мислев дека ми е пријателка. „Таа во видеото вели како Алах ѝ покажал кои се нејзините вистински пријатели. Но, на снимката не открива директно што било пресудното после 2 години да замине во Сирија.  

Но, она што е сигурно, е дека тоа не се случило преку ноќ. Назад во мај 2013 година таа напишала на „Twitter“ дека ги жали „сиромашните атеистички души", но до крајот на 2014 година, таа напишала за убиството на не-муслиманските цивили. Шест месеци пред да отиде во калифат, во нејзините објави се забележува нова воинственост, со отворена поддршка на злосторствата на ИСИС.

Се чувствувала дека не припаѓа тука

Во одреден момент во 2014 година, таа пишувала страсно за американскиот џихадистички свештеник Anwaeu Awlaki, кој бил член на огранокот на Ал Каеда во Јемен, а беше убиен во 2011 година. До крајот на 2014 година Tуба, во потполност била „задоена“ со идеологијата на ИСИС, целосно се оддалечувала од својот поранешен живот, типичен за млада британска девојка. Во твит таа објавила на 21 ноември 2014 година, за инцидент на факултетот.

Предмет на дискусија бил феминизмот, и кога професорот кажал да подигнат раце сите што се залагаат за феминизмот, нејзината рака која не била подигната привлекло многу внимание. „Сите се свртеа кон мене, а јас објаснив дека се знае местото на жената, тоа е спроведувањето на шеријатскиот закон. Tие феминистки се во заблуда."

Оваа нејзина изјава предизвикала ладна реакција на неодобрување меѓу своите врсници. Таа објаснила дека тие веќе мислеле дека таа е странец, како да е единствената жена муслиманка покриена од глава до пети. И тоа доволно говорело за тоа како се чувствувала дека не припаѓа во Велика Британија, тврдејќи дека како побожна муслиманка постојано била под лупа и сомневање.

Постер на девојка од Исламската Држава


Честа тема во објавите на Ум биле корупцијата и односите со мажите. Така, во една од своите постови на „Facebook“ полемизира зошто би имала машки пријатели кои ќе и коментираат и би и пишувале пораки. Не е познато дали Tуба пред да замине за Сирија комуницирала со Аксум Махмуд, младата жена од Шкотска која била меѓу првите британски жени кои се одлучија да се приклучат на ИСИС.

Постојат индикации дека комуницирале. Можеби и помогнала да го планира патувањето во Сирија. Не е познато колку улога имал нејзиниот покоен сопруг во сето тоа. Интересно е тоа што во септември 2014 година, Tуба започнала со работа на блог наречен „Од темнината во светлина". Таа себеси се опишува како „студент, сестра и што е најважно, муслиманка".

Во својот прв пост пишувала дека ќе ја објави „својата уникатна и многу емотивна приказна за тоа како го прифатила исламот". Но, тоа не се случило, па по неколку месеци на социјалните мрежи се појавила како Ум Мутхана ал- Британија, со постер на кој пишувал: „Девојка од Исламската Држава“.
SaveSaveSaveSaveSaveSaveSaveSaveSaveSaveSaveSaveSaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот