X
 22.11.2016 Култура

Десетте исламски философи што секој би требало да ги знае


Исламски орнамент

Ако ве предизвикаат да наброите десет философи за десет секунди, некој можеби ќе успее да наброи десет. Повеќето би кажале околу седуммина. Меѓу наброените, најголем дел би биле философи од Стара Грција и дел модерни философи од Западот. Постои веројатност да се споменат и мислителите од Азија, како што се Конфучие, Буда, Лао-це или Сун-цу. За жал, малкумина ќе се сетат на исламски философи.
Исламската „златна доба“ создала многу важни идеи во човековата историја. Токму исламските мислители му овозможија пристап на Западот до философиите на Аристотел и Платон. Почнувајќи од имињата на ѕвездите што им ги дале главно арапските астрономи, бројниот систем што денес го користиме или научните методи што се употребуваат во истражувањата илјадници години наназад, се нивна заслуга. Според тоа, речиси е невозможно да се разбере западната мисла без да се знаат идеите на исламските мислители.
Ви ги споделуваме дессете подзаборавени, но многу важни философи од исламскиот свет.


1. Абу Бакр Мухамад Ибн Закарија ал-Рази (854 - 925)


Абу Бакр, философ

Познат доктор, хемичар и философ. Првиот што ги опишал сипаниците и морбилите како одделни болести. Развил метафизички систем заснован на идеите на Платон, и го опишал универзумот како состав од пет елементи: Бог, време, место, душа и материја. Автор е на првата книга за педијатрија.

Сум напишал 20.000 страници (со ситни букви), згора на тоа сум посветил петнаесет години од животот – деноноќно – пишувајќи ја големата колекција насловена Al Hawi... сè додека не го изгубив видот, и не добив парализа на раката, така што сега сум лишен од читање и пишување. И покрај тоа, никогаш не се откажав!

2. Саадија Гас ал Фајуми (882 - 942)

Саадија Гаон

Рабин кој живеел за време на „златната доба“ на исламот во различни центри на Абасидскиот калифат. Познат е по работата на хебрејската лингвистика, преводите на хебрејските текстови на арапски јазик, еврејското право и по спречувањето на расколот во јудаизмот со помош на едноставен аргумент. Прогласен е за првиот странски раководител на академијата во Сура. Ги комбинирал хебрејската и грчката мисла.

Лирските творби го потсетуваат човека колку е кревок, беден и напатен.

3. Јахја Ибн Ади (893 - 974)

Јахја Ибн Ади, философ

Логичар и лекар што живеел и творел во Тикрит, во модерен Ирак. Изработил десетици философски преводи од грчки на арапски јазик. Бил христијанин кој го користел своето философско знаење во одбрана на христијанската теологија втемелена на класичната мисла. 

Смртниот човек живее преку знаењето.

4. Авицена (980 - 1037)

Авицена, философ

Персиски ерудит кој се смета за најголемиот мислител на исламската „златна доба“. Автор е на 450 книги, од кои едната се користела како стандарден медицински текст до 1650 година. Го усовршил научниот метод на својот философски идол Аристотел. Пишувал за астрономијата, хемијата, геологијата, религијата, логиката, математиката, физиката, па дури бил и поет. Неговите коментари и преводи на делото на Аристотел извршиле силно влијание врз европската мисла  во периодот на просветителството.

Светот е поделен на луѓе што се паметни, а немаат религија и оние што имаат религија, но немаат памет.“

5. Сухраварди (1154 – 1191)

Сохреварди, философ

Персиски философ. Основач на исламското училиште за илуминативна философија. Изградил исламско школо и метафизика засновани на платонистичките идеи, напишал десетици книги за философијата, мистицизмот и нивната поврзаност со исламот.

Оној кој знае философија и настојува да биде посветен и благодарен на Надсветлината, ќе биде обдарен со кралска слава.“  

6. Фахрудин Рази (1149 - 1209)

Факр ал-Дин, философ

Научник, философ, теолог. Создал неколку можни модели на космосот, вклучително и мултиверзалниот модел. Ја напишал „Тафсир ал-кабир“ или Големиот коментар кон Куранот, што до денес е често цитиран. Напишал и книги за логиката и медицината во прилог на други теми. 

Тврдењата на философите дека постои само еден свет се слаби аргументи втемелени на кревки премиси.

7. Катип Челеби (1609 – 1657)

Катип Челеби, философ

Отомански историчар и географ. Напишал библиографска енциклопедија со 14.500 записи. Пишувал опширно за исламското право, етиката, теолгијата, во прилог на историјата и географијата. Бил изворник на општествената промена во 16 и 17 век во Отоманската империја, вклучувајќи го и воведувањето на кафето во царството.

Кога настапува период на уназадување, престануваат да дуваат ветровите на знаењето.

8. Дара Шукох (1615 – 1659)

Дара Шикох, философ

Индиски принц со тргачина животна врвица. Дара бил погубен заради што зазел губитничка страна по смртта на царот на Мугалската империја. Во својот краток животен век успеал да се посвети на мистичните основи што им биле заеднички на исламската и на хиндуистичката мисла. Напишал неколку книги и превел неколку класици на санскрит за идните истражувања на исламските научници. Востановил библиотека  што сè уште се користи во Универзитетот Гуру Гобинд во Делхи.

Додека копнеев да ги набљудувам гностичките доктрини на секоја секта и да ги слушам нивните возвишени изрази за монотеизмот, и додека ги полагав своите очи на мноштвото теолошки книги чиј бев следбеник долги години, мојата страст да го гледам Единството (Unitas) што е безграничен океан, ме обземаше во секој момент.“

9. Мухамед Абдух (1849 – 1905)

Мохамад Абдух, философ

Египетски научник, јурист, реформатор и философ. Основач на школото за исламски модернизам и теоретичар-воведничар на либералната мисла меѓу исламските народи. Британските власти го протерале од Египет, бидејќи преку својот весник повикувал на независност на државата. Тврдел дека мноштвото западни идеи имаат корен во исламската мисла.

Отидов на Запад и го сретнав исламот, но не видов муслимани. Отидов на Исток и видов муслимани, но не сретнав ислам.

10. Фатема Мерниси (1940 – 2015)

Фатема Мерниси, философка

Мароканска феминистка и социолог. Студирала историја на исламската мисла и улогата на жените во неа, објавила книги во кои зборува дека состојбата на жените во исламските држави воопшто не коинцидира со проповедите на пророкот Мухамед. Авторка е на книгата „Зад превезот“ (Beyond the veil).

Кога жената за себе мисли дека е ништо, плачат и малите врапчиња. Кој би можел да ги одбрани на балконот, кога никој не замислува свет без насилство?
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура