X
 08.04.2019 Живот

На Британка ѝ се заканува затвор зашто навредувала на „Фејсбук“

Британката Лејла Шахравеш се соочува со затворска казна во Дубаи зашто пред три години на „Фејсбук“ ја навредила новата сопруга на нејзиниот поранешен партнер - ја нарекла „коњ“, а него – „идиот“, бидејќи се оженил со неа.

Жената е вработена во прифатилиште за бездомници во Лондон. Таа може да добие две години затвор во Дубаи и парична казна од 50.000 фунти, соопштија активисти на граѓанската организација „Затворени во Дубаи“.

Шахравеш минатиот месец била приведена во Обединетите Арапски Емирати заедно со нејзината 14-годишна ќерка Парис, со која сакала да присуства на погребот на нејзиниот поранешен сопруг. Таа е уапсена пред самиот погреб и тоа за „навреди“ објавени на „Фејсбук“ во 2016 година.

Шахравеш била во Велика Британија кога ги пишувала објавите, а нејзиниот поранешен сопруг, кој починал од срцев удар на 3 март годинава, со новата сопруга живеел во Дубаи.

Законите за сајбер-криминал во Дубаи предвидуваат дека лице што ќе пристигне во земјата може да биде судено доколку негови стари објави на социјалните мрежи сè уште може да се видат.

На Шахравеш ѝ е одземен пасошот, а ќерка ѝ е сместена кај нивни пријатели. Организацијата „Затворени во Дубаи“ ја презеде адвокатската помош и заштита за Лејла Шахравеш.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот