X
 24.12.2016 Живот

Објавени писмата на принцезата Дајана

Писмата и честитките на кралското семејство ќе бидат понудени на аукција.


Трогателните писма кои принцезата Дајана ги испраќала на својот слуга од Бекингамската палата прв пат се претставени во јавноста и ќе бидат понудени на аукција на почетокот на јануари.

Сирил Дикман го служел кралското семејство повеќе од 50 години, а со принцезата Дајана бил посебно близок. Често му испраќала писма, а му пишувала за односот со своите синови. Тој отишол во пензија на 65 години, а пред смртта го посетил принцот Чарлс. Дикман починал пред четири години на 85-годишна возраст, а писмата ги имал неговиот внук кој сега ги нуди на аукција.

Кога Сирил бил болен, принцезата често проверувала како се чувствува : „Ти пишувам бидејќи ме интересира како си. Жал ми е што не ти е добро. Ни недостигаш во Бекингамската палата“.

Сирил Дикман во 1993 година му бил и советник на Ентони Хопкинс за улогата на батлер во филмот за кралското семејство. Најчесто Дајана му пишувала за своите деца, па на 2-ри март 1985 година таа му опишала како принцот Вилијам бил пресреќен што една година претходно добил помлад брат.
„Вилијам го обожава својот помал брат и константно го прегрнува и бакнува и неможе да се одвои од него. Понекогаш дури и нам не ни дозволува да му се приближиме“, пишувало во писмото. Во писмата исто така може да се прочита како принцот Чарлс бил пресреќен што има втор син и постојано ја осипувал Дајана со цвеќе. Дајан му пишувала и за тоа како нејзините синови учат, но и дека Хари понекогаш бил навистина немирен.

Се претпоставува дека принцезата Дајана имала доверба во Дикман и со него посебно се зближила по смртта на нејзината баба. Вредноста на писмата се проценува на 15 илјади фунти, а освен писмата, во наследството на Дикман има и Божиќни честитки од принцот Чарлс, кралицата Елизабета и принцот Филип.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот