X
 24.12.2016 Наука

Последици од човечкото загадување на водата

Низ историјата долга 4.37 милијарди години, водата на Земјата беше константна и во постојан прилив. Во текот на одредени периоди, ја покри планетата со глечери. Во текот на други, потопли периоди, ја натопи атмосферата во планетарна стаклена градина.

 

okean


Денес, земјата се топи од последниот леден циклус и се затоплува од индустријализираната цивилизација. Комерцијалниот сателит на компанијата „DigitalGlobe“ сакаше да дознае каква е состојбата на водата на Земјата, па затоа распореди цела „војска“ од беспилотни летала со цел да направи фотографии од четири милијарди квадратни километри вода. Резултатите од сателитските податоци беа преточени во една прекрасна фото книга насловена „Water“.

„Во текот на својата историја, нашата планета претрпе многу промени - голем дел од нив беа навистина драматични. Модерните климатски промени предизвикани од човекот значително ќе го редизајнираат лицето на Земјата“, изјави Стефа Рамсторф, еден од авторите на книгата.

Книгата има за цел да го демонстрира односот на луѓето со водата. А книгата покажува дека таа претрпе огромен пораз. Овој извор на животот е користен од луѓето како депонија. Луѓето ловат премногу риби, го пренасочуваат за хидроенергија и го затрупуваат со товарни бродови. Индустријализацијата ги наполни океаните со 140 милиони тони микропластика, ги убива птиците, рибите и негативно влијае врз целиот екосистем.

Климатските промени најмногу им наштетуваат на океаните. Океаните апсорбираат 50 пати повеќе стакленички гасови од атмосферата, и околу 30% од јаглерод диоксидот кој го произведуваат луѓето секоја година. Ова ја нарушува нивната способност да ја стабилизираат климата на планетата.

„Water“ дава одличен поглед за тоа како климатските промени, загадувањето и човековите активности ја загрозуваат Земјата.

 

ГАЛЕРИЈА

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука