Научниците речиси и да не виделе изведен желурок во Флорида со години поради рекордно високите температури. Околу 99 отсто од сите новоизведени желки таму се женки - сѐ поради климатските промени.
-Страшно е што последниве четири години во Флорида беа забележани најтоплите лета во историјата. Научниците кои ги проучуваат младенчињата и јајцата на желките не нашле морски желурок - истакна Бет Циркелбах, која раководи болница за желки во Флорида Кис.
Ова би можело да биде кобно за морските желки, кои веќе се соочуваат со закани за нивната егзистенција како ловокрадство и уништување на нивниот хабитат.
Според американската Национална океанска служба, јајцата на желките кои се инкубираат под 27,7 степени Целзиусови резултираат со желуроци. Инкубацијата над таа температура резултира со желки. Променливите температури може да резултираат и со желуроци и со женски желки.
Проблемот е што температурите не се променливи - тие изгледа само растат. Ако тој тренд продолжи, популацијата на желките низ светот (а секако и на луѓето) ќе биде под поголема закана од кога и да е.
-Со текот на годините ќе видите остро намалување на нивната популација затоа што едноставно немаме генетски диверзитет. Го немаме потребниот сооднос мажјаци:женки за да можеме да имаме успешни сесии на парење - истакна Мелиса Росалес Родригез, која е чувар на морски желки во Зоолошка градина во Мајами.
Што е уште полошо, Националната океанска служба предупредува дека сè повисоките температури на песокот на крај може да ги убиваат желките, што значи дека можеби воопшто нема да има нови изведувања.
Извор:
Futurism
Фото: Freepik