Во екот на епидемијата маските и ракавиците би можело да се каже дека ни беа најдобри пријатели. Бројките на заразените и починатите постојано растеа, а оние кои мораа да излезат надвор најмногу се дружеа со овие реквизити.
Како што опадна интензитетот на епидемијата, вонредните состојби и рестрикциите постепено се укинуваа, па покрај социјалната дистанца, остана само уште задолжителното носење на маски и ракавици.
Меѓутоа, додека тие од една страна нѐ штитат нас, од друга страна, поради човечка непромисленост, тие можат да предизвикаат друг вид на проблеми.
Материјалите од кои се мрават маските, ракавиците, визирите, плексигласот, кој сѐ повеќе се користи, во најголем број на случаи се неразградливи или многу тешко разградливи.
Имено, според одредени медиуми, за разградување на хируршките маски во природата се потребни и до 450 години. Тоа беше тема и на еден твит, кој за неколку дена беше споделен илјадници пати.
Иако станува збор за потенцијално заразен отпад, тој сѐ почесто може да се види на улиците. Во Франција се разгледува и предлог да се воведе парична казна од 300 евра за фрлање на ваквиот отпад.
Иако казната за загрозување на јваните површини во Франција веќе постои и таа изнесува 68 евра, пратеникот и поттикнувач на идејата казната да биде 300 евра, Ерик Поже, смета дека таа не е доволна.
Насловна фотографија: Unsplash