Екстремните жештини можат да убиваат и убиваат: 739 луѓе во Чикаго во 1995 година, а 70.000 во Европа во 2003. Неодамнешна студија покажува дека тие се многу почести отколку што мислиме.
Фото: pixabay.com
Според истражувачите околу 30% од луѓето се изложени на екстремни жештини кои можат да бидат опасни по живот и ако не се направи ништо во однос на климатските промени 74% од луѓето ќе бидат изложени ризиците од топлотните бранови.
За разлика од другите неприлики како поплави или земјотреси, топлината го притиска телото на човекот до неговите граници. Хемоглобинот кој го зема кислородот и го носи до крвта потешко ја врши функцијата како што температурата расте, при што се отежнува дишењето. Истовремено, потта која има за задача да го лади телото, се задржува на него кога воздухот е влажен и телото не се лади.
Со цел да се процени колку луѓе ќе бидат изложени на екстремни температури при климатските промени, авторите на студијата истражиле 1949 случаи во региони каде што смртта била поврзувана со високите температури. Тие дошле до заклучок дека смртноста се зголемува на 22 степени целзиусови, што е многу ниска температура.
Сепак тие велат дека многу нешта можат да водат до смртност, а да не бидат поврзани со климата, а како пример го посочуваат Египет во 2015 година, кога луѓето умирале од жештина во затвори и психијатриски клиники, но заради тоа што немало кој да се гриже за нив.
Иако луѓето кои се најблиску до половите имаат најголемо затоплување, најранливи категории се оние од тропските предели. Иако нема да се загрева атмосферата многу и иако веќе во тие делови луѓето се справиле со опасни високи температури, мали покачувања можат да бидат погубни.
Главниот автор на австралијанската студија, Камил Мора, истакнува:
„Жештината ги затвора луѓето внатре, стануваме затвореници на сопствените домови за да се справиме со
топлотните бранови“.