X
 27.12.2016 Наука

Мислевте дека водата има само три агрегатни состојби?

Една од првите работи кои ги учиме во училиште за физичкиот свет кој не опкружува е тоа дека водата се јавува во три агрегатни состојби – течна, цврста и гасовита. Меѓутоа, меѓународен тим на научници неодамна открил дека течната вода може да постои во две различни состојби.


Во експерименталната студија, објавена во „International Journal of Nanotechnology“, научниците откриле дека голем број на физичките карактеристики на водата се менуваат на температури помеѓу 50 и 60 степени целзиусови. Овие промени тимот ги опишал како потенцијална „втора течна состојба“, со која се предизвикала жестока дебата во научните кругови.

Доколку резултатите од студијата се потврдат, откритието ќе има големо влијание на многу полиња – од нанотехнологија до биологија.

Агрегатните состојби на материјата претставуваат клучен концепт при проучувањето на системот на атоми и молекули. Како конфигурацијата на овие системи ја одредува агрегатната состојба на материјата менувајќи ги нејзините физички својства, е теза за четврта состојба која за сега успешно се брани од критики.

Научниците утврдиле дека на температурата на водата помеѓу 50 и 60 степени се менуваат важни карактеристики како што е брзината на светлината додека патува низ водата. Откритието за четврта состојба покажала дека дури и секојдневните и најосновните супстанции можат да сокријат бројни тајни, наспроти љубопитните научници и се понапредната технологија.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука