X
 25.05.2018 Живот

Што сѐ жртвувале научниците во име на науката?

Изборот на професија во полето на науката е прилично возбудлив, меѓутоа предизвикувачки. Повеќето луѓе избираат професија во ова поле поради потрагата по знаење - тие не можат да живеат без одговори или се обидуваат да ги пронајдат.

Работата е прилично тешка, а научниците жртвуваат безброј часови и финансии за понатамошно разбирање на многу работи. Но тоа не е единствената жртва што научниците ја прават во име на науката.

Дин Лормакс, палеонтолог и страстен љубител на науката вели дека ги разбира овие борби. На 18 годишна возраст, Лормакс знаел дека неговата страст е палеонтологијата - наука за фосилизираните животни и растенија. Но учеството во неговото прво научно копање значело дека мора да ја продаде неговата ценета колекција на сувенири од филмот „Војна на ѕвездите“.

Лормакс, кој денес е почитуван палеонтолог, раскажува за неговата жртва за науката, една деценија подоцна.

- Како палеонтолог, имам можност да работам на неверојатни проекти, меѓутоа морав да жртвувам многу работи за да стигнам до оваа фаза - објаснува тој и додава дека во потрагата по наука тој го жртвувал неговото здравје, разум, социјалниот живот и финансиите.

Но Лормакс е далеку од единствениот што направил вакви жртви во името на науката. Кога Лормакс во април на „Твитер“ ја споделил неговата приказна, тој ги замолил неговите следбеници да откријат што тие морале да жртвуваат за науката.

Парите се првото нешто што повеќето научници морале да го жртвуваат за да го започнат неговото патување во светот на науката. Ребека, твитер-корисник кој одговори на постот, го опиша долгот што го имала за да може да плати за факултетот.

Времето што научниците го посветиле на науката е нешто што секој научник треба да биде подготвен да го даде. Додека другите за брзо време го завршуваат факултетот, научниците честопати подолго време остануваат на факултет.

Дива Амон, уште еден научник, ја споделува нејзината приказна за потешкотиите што ги доживеала.

Тешко е научникот да постигне одредени резултати, особено во тесните временски рокови што ги бараат компаниите. Резултатите мораат да бидат доволно брзи и доволно добри за да може да има понатамошно финансирање.

Други, како Џејд, ги споделуваат своите жалосни приказни. Како жртва на науката, Џејд ја донела тешката одлука да ја напушти земјата во обид да го продолжи своето образование. Како резултат на тоа, таа никогаш не успеала да се збогува со нејзините баба и дедо.

Додека некои се откажуваат од последните моменти со семејствата, други ги оставаат нивните семејства да ги чекаат додека не се стабилизираат. Ана ја споделува нејзината приказна за тоа како таа одложувала започнување на семејството додека не го заврши факултетот.

Да се биде научник не е лесна работа. Безброј часови поминати откривајќи како податоците се вклопуваат. Работите често одат во погрешна насока и нештата мораат да бидат жртвувани за да се испочитуваат роковите.

Но понекогаш жртвата и солзите е она што е потребно за човештвото да напредува. На научниците останува да создадат подобро утре за сите да можат да имаат подобар живот.

Но на крајот, да се биде научник е една од најзадоволувачките професии во светот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот