X
 09.10.2019 Наука

Нобелова награда за хемија за научници што ги развија литиум-јонските батерии

Нобеловата награда за хемија за 2019 година е доделена на тројца научници за развој на литиум-јонски батерии.

Наградата им припадна на Џон Б. Гудинаф, Стенли Витингем и Акира Јошимо.

- Литиум-јонските батерии предизвикаа револуција во нашите животи и се користат во сè, од мобилни телефони до лаптопи и електрични автомобили - се вели во образложението на Нобеловиот комитет.

Годинашните лауреати по хемија ги поставија темелите на безжично и општество без фосилно гориво.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука