Новата карикатура на сатиричното француско списание „
Шарли Ебдо“ ги разбесна Русите.
Овој пат темата е паѓањето на рускиот авион ТУ-154 во Црното Mоре во близина на Сочи.
Со коментар: „Се шири репертоарот на хорот на Црвената армија“, на карикатурата е прикажан авионот што се руши, а еден од хористите, со сериозно лице, гледа во нотите и пее.
Натписот под карикатурата гласи: „Лоши вести... Путин не беше во авионот“.
За потсетување, во авионската несреќа загинаа 92 патници и членови на екипажот.