X
 30.12.2016 Економија

Која компанија заработила најмногу во 2016 година?

Листата на 500 најголеми светски компании за оваа година во издание на бизнис списанието „Fortune“ го откри новиот, но и стар победник.


Американскиот трговски ланец „Walmart“ ја одбрани, по втор пат, титулата на најсилна компанија, со приход од 482 милијарди долари. Компанијата цврсто стои на врвот на листата, на која доминираат нафтените компании. Од 1995 година компанијата била прогласувана за најголема дури 11 пати од страна на „Fortune“.

Меѓу првите 10, оваа компанија е и единствена која не е „произведувач“, со оглед на тоа дека 5 компании се бават со производство и преработка на нафта, две се во автомобилската индустрија, а по една во производството на електрична енергија и информациски технологии.

Гигантот „Apple“, кој се прослави со своите паметни телефони „iPhone“, е ново лице меѓу првите 10. Прегледот на бизнис резултатите покажува дека 500-те најголеми компании на светот поминале низ многу тешка година. Имено, вкупните приходи од 27,6 билиони долари се помали за 11,5 проценти отколку во фискалната 2014 година. Освен тоа, добивката се намалила за 11,2 проценти на 1,48 билиони.

Што се однесува до географската распределба на великаните, таа ја одржува и глобалната распределба на моќта – од 500 најголеми, 134 се сместени во САД, 103 се кинески, 52 имаат седиште во Јапонија. Велика Британија има 26 компании во топ 500 листата, а останатите се во Европска Унија.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија