X
 16.01.2022 Спорт

Кој ќе игра наместо Ѓоковиќ во Австралија?

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го изгуби случајот пред Сојузниот суд во Австралија, што значи и негово депортирање од земјата и немање можност да настапи на турнирот.

Судиите ја одбија жалбата на Ѓоковиќ, откако австралиската влада по втор пат му ја укина визата. Ѓоковиќ веќе ја напушти Австралија, а организаторите објавија кој ќе го замени во главната ждрепка.

Правилата за гренд-слем турнирите велат дека повлекувањето на првиот носител во моментот кога костурот на турнирот е веќе познат, значи дека во ждрепката влегува среќен губитник - некој кој изгубил во последната рунда квалификации.

Тоа во овој случај ќе биде Италијанецот Салваторе Карузо, рангиран како 150. тенисер во светот, кој утре ќе игра против Миомир Кецмановиќ од Србија, пренесе Би-би-си.

Извор: BBC
Фото: novakdjokovic.com

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт