X
 10.01.2022 Живот

Ѓоковиќ засега останува во Австралија за да се натпреварува, изјавија тој и семејството

Новак Ѓоковиќ ќе остане за да се обиде да се натпреварува на Отвореното тениско првенство на Австралија, напиша тенисерот во објава на „Твитер“.



Планот да остане и да се натпреварува го потврди и неговото семејство на прес-конференција која штотуку се одржа во Белград.


Ентони Кели, главниот судија во Федералниот суд во Мелбурн, синоќа пресуди дека одлуката на министерот за внатрешни работи на Австралија да му ја откаже визата на Ѓоковиќ треба да биде поништена и тенисерот треба да излезе од притвор.

Меѓутоа, неговата депортација од земјата останува неизвесна, а нови информации во поглед на ова не можеше да открие семејството на Ѓоковиќ на прес-конференцијата.

Ѓоковиќ беше притворен минатата недела при влезот во Австралија откако му беше откажана визата бидејќи не е вакциниран. Ѓоковиќ тврдел дека имал медицинска дозвола за ослободување од вакцинација, но австралиските власти не ја прифатиле дозволата, тврдејќи дека влезот во земјата им се дозволува на странски жители само доколку се вакцинирани против ковид-19. 

Фото: Twitter
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот