X
 17.02.2021 Живот

Кој е човекот што за 48 часа му помогна на Новак Ѓоковиќ да закрепне?

Новак Ѓоковиќ се здоби со повреда што речиси го принуди да се откаже од натпреварот во третото коло и да се откаже од борбата за титула на „Аустралија опен“.

Сепак, Ноле во голема мера успеа да закрепне, надминувајќи го Тејлор Фриц, потоа Мило Раноиќ, а зад неговото закрепнување стои Улисес Бадио, физиотерапевтот на најдобриот тенисер во светот.

Улисес е секогаш со Новак, обидувајќи се да му помогне при секоја вежба. Тој е со тенисерот веќе неколку години.

- Во Рим ми се обрати за помош, а потоа ми предложи да одам со него на Ролан Гарос. Сега живеам на релација Италија, Белград и Монте Карло. Слободен сум и можам да му бидам на располагање 24 часа. Ако ми рече: „Ајде да одиме во Шангај“, тогаш одиме. Тоа е мојата работа сега. Не ми беше доволно само да бидам физиотерапевт на турнирот. Ги гледав сите врвни тенисери и сакав да работам со полно работно време со нив - изјави Аргентинецот уште во 2017 година.

Роден е во Санта Фе, живеел во Кордоба и емигрирал на 22-годишна возраст за да го подобри знаењето во областа во која работи во моментов. Има завршено кинезиологија и физиотерапија и е специјалист за рамена, лакти и повреди на рацете генерално. Исто така, доста е запознаен со кинеската медицина, нутриционизмот и токму тој го извлече Новак од повредите во 2017 година и психички го врати на победничкиот пат.

Го зазеде местото на Милан Амановиќ и стана еден од најважните луѓе во штабот на Ѓоковиќ. Како син на италијански дојденец, Улисес го собрал своето знаење во Италија, но и во САД. Работел и на спортската клиника во Валенсија, а потоа станал физиотерапевт во организацијата АТП.

1
Фото: Instagram

Неговите методи се совпаѓаат со ставовите на Ѓоковиќ, пред сѐ, во акупунктурата и кинеската медицина. Заедно работат на подобрување на енергијата и мускулната релаксација користејќи традиционална кинеска медицина и билки.

Колку Новак е суштински кооперативен во вежбите, потврдува и самиот Улисес, кој тврди дека вежбите за истегнување ги прави четири пати на ден.

- Новак има таква физиономија што може да достигне неверојатно ниво на истегнување. Овие вежби се клучни, ги правиме четири пати на ден. Има повреда што засега добро ја контролираме. Донесе најдобра можна одлука за пауза до крајот на сезоната затоа што добивме време да направиме план и да не направиме грешка во терапијата. Едвај чека да се врати на теренот - истакна Улисес.

Затоа, не е изненадувачки што Новак, по мечот со Раноиќ, го спомена Улисес како главен шеф во неговото закрепнување.

За Улисес, ништо не претставува проблем кога станува збор за Ѓоковиќ, па често му помага околу исхраната, а на интернет може да се најде и снимка на која му ја потстрижува косата на најдобриот српски тенисер.

Се чини дека аргентинскиот физиотерапевт е дел од семејството Ѓоковиќ, бидејќи му стана доста близок на Ѓоковиќ, кој играше со Улисес на последниот „Ју-ес опен“.

- Загревање пред натпреварот и танц со Улис - напиша тогаш Ѓоковиќ.

Јасно е колку Улисес му значи на Новак и на неговиот тим и дека токму тој е причината што Ѓоковиќ се врати на „Аустралија опен“.

Извор: Nezavisne.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот