Јога, медитација, џогирање - има многу начини на кои може да се ослободите од стресот. Меѓутоа, некои професионалци од областа на менталното здравје им советуваат играње видеоигри на пациентите.
Видеоигрите станаа многу популарни на почетокот на пандемијата. Некои видеоигри се предмет на критика поради зависноста што ја создаваат, но експертите се согласуваат дека играњето може да претставува прибежиште од стресот и проблемите, покажува
истражување.
Комбинацијата на традиционален разговор со терапевт и играње може да им помогне на пациентите подобро да се отворат и подобро да ги следат упатствата на терапевтите. Психолозите ги советуваат пациентите да играат сами или во група на платформи за играње како „Роблокс“ или „Мајнкрафт“.
Фото: Pixabay
Видеоигрите како метод за намалување на стресот се препорачува и порано. Организации како „Гик терапи“ советувале играње како терапевтска, социјална и образовна алатка повеќе од една деценија.
Психолозите објаснуваат дека внесеноста во играта им помага на играчите да ги блокираат чувствата, проблемите и грижите. Повеќе истражувања покажале дека видеоигрите може да ви помогнат да се релаксирате и подобро да се концентрирате, а за време на играњето се лачи и хормонот на среќата - допамин.
Тоа не значи дека пациентите се советуваат на неограничено играње бидејќи игрите не се замена за традиционалните методи за третирање на менталното здравје.
Извор:
World Economic Forum
Фото: Pixabay