X
 29.04.2020 Живот

Видео од суштество познато како морски ангел што плива под мразот во Белото Море ги одушеви научниците

Александар Семенов е морски биолог кој специјализирал за безрбетници. Тој е шеф на нуркачкиот тим во биолошката станица на Белото Море, каде што организира и управува секаков вид работа, а честопати нурка во тешки услови.

Семенов, исто така, е професионален фотограф. Со над 9 години искуство, најмногу е заинтересиран за научна макрофотографија во природни средини.

- Оваа практика овозможува да се набљудуваат животните што не би можеле соодветно да бидат проучувани под лабораториски услови, како што се меките планктоночни организми што живеат на морското дно - објаснува тој.

- Мојата лична цел е да го проучам морскиот свет преку камерата и да го зголемам интересот на луѓето за морската биологија. Ова го правам со споделување на моите откритија преку социјалните мрежи и во реалниот живот преку јавни предавања, филмови, изложби и различни медиумски настани - додава тој.

Видеото во продолжение е совршен доказ дека Семенов го сака она што го прави исто колку што го сака морето. За време на едно од неговите нуркања под мразот на Белото Море во Русија, Семенов снимил суштество познато како морски ангел. Висококвалитетните снимки ја откриваат убавината на ова морско животно.



Извор: Bored Panda
Фото: Flickr | Facebook
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот