X
 16.02.2022 Живот

Земји што ги олеснија мерките за влез на туристи

Од јануари многу земји ги менуваат мерките за спречување на ширењето на коронавирусот за да овозможат поголема слобода на движење за домашните жители и туристите. Некои земји, како Шведска, целосно ги елиминираа мерките за повеќето туристи, додека други како Австралија задржаа некои рестрикции.

Досега вкупно 17 дестинации ги релаксирале мерките или планираат да го олеснат влезот за странските туристи. Австралија ќе ги отвори границите за вакцинирани граѓани кои ќе се тестираат при влезот на 21 февруари. Бахамите овозможуваат влез за странските туристи под услов тие двапати да се тестираат со брзи тестови по пристигнувањето.

Бали, Индонезија, ги отвори границите за вакцинирани граѓани со негативен резултат од ПЦР-тест на 4 февруари. Бермуда дозволува влез за вакцинирани лица, но тие треба да се тестираат при влезот.


Фото: Pixabay

Влезот во Грција и во Португалија е слободен за оние со европски сертификат за имунитет. Данска повеќе нема ограничувања, како и Ирска.

Мароко прима туристи што се вакцинирани, но потребно е тестирање пред и по пристигнувањето. Во Норвешка влезот е слободен за вакцинираните туристи, кои сепак треба да се тестираат по влегувањето. Невакцинираните туристи мора да направат тест и пред пристигнувањето во земјата. Истото се бара и на Филипините, додека во Шведска до 31 март ќе остане забраната за влез на жителите надвор од ЕУ.

Во Обединетото Кралство влезот е слободен доколку сте вакцинирани, а невакцинираните треба да прават тестови пред и по пристигнувањето.

Земји што имаат построги мерки

Додека повеќето земји го олеснуваат влезот за туристите, некои воведуваат построги мерки. Во Италија, во ски-центрите може да се пристигне само со доказ за вакцинација.

Во Мексико почна да се бара доказ за вакцинација во некои градови, додека во Израел и Сингапур се бара доказ за дополнителна доза од вакцините.

Извор: The points guy
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот