X
 26.10.2018 Економија

Кои земји во регионот се лидери според богатството?

Словенија е лидер во Југоисточна Европа во поглед на богатството по возрасна личност според извештајот на „Глобал велт рипорт“ за 2018 година.

Словенија забележала вкупно богатство од 133 милијарди евра и богатство по возрасна личност од 31.703 долари во период од 12 месеци до средината на 2018 година, соопшти Институтот „Кредит Свис рисрч“ во својот глобален извештај за богатство.

Најмногу богатство во регионот на Југоисточна Европа има Романија со 317 милијарди долари, а Црна Гора го има најниското ниво на вкупно богатство, 12 милијарди долари. Сите земји во регионот го подобриле вкупното богатство и богатството по возрасна личност во 2018 година во споредба со претходната година.

Богатството по возрасна личност во Македонија е 7.579 долари, во Србија е 8.213 долари, а во Косово 5.391 долар.

Во светот, севкупното глобално богатство пораснало за 14,0 трилиони долари (4,6 отсто), на вкупно 317 трилиони долари, надминувајќи го растот на популацијата, наведуваат истражувачите.

Најмалку богатство по возрасна личност во Источна Европа има Молдавија (3.077 долари).
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија